Одиграни три натпревари од прволигашката женска конкуренција...
Со оглед на тоа дека коашркрките на Бадел 1862 овој викенд ги играа мечевите од јуниорската АБА лига, нивниот дуел, и дерби на вториот дел од сезоната, против Вардар е презакажан за 28. февруари. Два дена порано, поради истите причини, и кошаркарките на Струга 2009 ќе играат со кавадаречки Трокал.
Во оние три натпревари од 13. Коло, две убедливи победи. Првата на Баскет КАМ против Гостивар 2009 (86:43), и на МЗТ Скопје Аеродром против Пантери (71:47).
Победа на домашен терен реализираа и кошаркарките на Пробаскет Академија против Шкупи со сигурни (65:50).
„Баделки“ ги чека навистина згуснат распоред, затоа што по дуелот со Вардар, наредниот викенд им следува и гостување на уште една квалитетна екипа – Струга 2009.
ПРВА ЛИГА – ЖЕНИ
РЕЗУЛТАТИ 13. КОЛО
Пантери – МЗТ Скопје Аеродром 47:71
Пробаскет – Шкупи 65:50
Баскет КАМ – Гостивар 2009 86:43
Трокал – Струга 2009 26.02
Бадел 1862 – Вардар 28.02
Патриот 2016 – Крива Паланка одл.
ТАБЕЛА: Вардар 24 (-1), Бадел 1862 23 (-1), Баскет КАМ 23, Струга 2009 22 (-1), Пробаскет Академија 20, МЗТ Скопје Аеродром 20, Крива Паланка 18 (-1), Гостивар 2009 18, Шкупи 15, Пантери 15, Трокал 14 (-1), Патриот 2016 13 (-1-;
ИДНО КОЛО (29.02)
Шкупи – Баскет КАМ
Вардар – Патриот 2016
Пантери – Трокал
Крива Паланка – Пробаскет Академија
Гостивар 2009 – МЗТ Скопје Аеродром
Струга 2009 – Бадел 1862