Ова 13. коло не донесе некои изненадувачки резултати. Беше некомплетно, затоа што поради појава на корона вирус, не се одиграа два натпревари: Борец Баскет – Струмица во источната, односно Хераклеа - Чаир 2030 во западната група.
На Истокот, многу важна победа на гостински терен во Куманово, реализира екипата на Феникс 2010, која славеше со резултат (59:51). Два бода со кои тимот на тренерот Денис Дервишевиќ, го држи приклучокот со водечкиот Ангели.
Тимот од Драчево во ова коло немаше ривал по мерка. Го совлада Куманово 2 со убедливи (87:64). И ја задржаа предноста пред конкурентите.
Еден од нив е и скопски Шкупи, кој без особени проблеми го доби дуелот со „фенерџијата“ Ролинг 08 со резултат (85:68).
Најубедливата победа во ова коло му припадна на тимот на Баскет Кам, кој го победи Про Баскет во Кавадарци со повеќе од високи (104:59). Доволно да ја потврди позицијата 4, последната која води во доигрувањето за Првата лига.
Со оглед на тоа дека не се одигра дербито Хераклеа – Чаир 2030, останатите екипи, пред се ГКК Охрид и Партизан Водно Санс го искористија тој момент да се доближат до лидерската позиција.
Тимот од Охрид, очекувано, го победи најслабиот во оваа конкуренција, Спорт Тим од Неготино со (86:76), додека пак Партизан Водно Санс помина лесно во Прилеп, го победи Мега Баскет со високи (109:80).
Особено битен триумф е оној на екипата на Тетекс ТТК, на гости кај Риниа (74:67) со кој тетовци остануваат во битката за првите четири места кои водат во елиминациската фаза.
Шанси за тоа има и Пелистер Медика карта која викендов беше подобар противник од младиот тим на Спарта (79:64).
ВТОРА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ 13.КОЛО
ИСТОК
МКК Куманово – Феникс 2010 51:59
Шкупи – Ролинг 08 85:68
Про Баскет – Баскет КАМ 59:104
Борец Баскет – Струмица одл.
Куманово 2 – Ангели 64:87
ТАБЕЛА: Ангели 25, Феникс 2010 24, Шкупи 23, Баскет КАМ 21, Борец Баскет 19 (-1), МКК Куманово 19, Струмица 17 (-1), Куманово-2 15, Про Баскет 15, Ролинг-08 14;
ИДНО КОЛО (13.03)
Феникс 2010 – Куманово-2
Ангели – Борец Баскет
Струмица – Про Баскет
Баскет КАМ – Шкупи
Ролинг 08 – МКК Куманово
ЗАПАД
ГКК Охрид – Спорт Тим 86:76
Спарта – Пелистер Медика карта 64:79
Хераклеа – Чаир 2030 одл.
Риниа – Тетекс ТТК 67:74
Мега Баскет - Партизан Водно Санс 80:109
ТАБЕЛА: Чаир 2030 23 (-1), ГКК Охрид 23, Партизан Водно Санс 22, Тетекс ТТК 21, Хераклеа 21 (-1), Пелистер Медика карта 19, Риниа 17, Мега Баскет 17, Спарта 16, Спорт Тим 13;
ИДНО КОЛО (13.03)
Спорт Тим – Мега Баскет
Партизан Водно Санс – Риниа
Тетекс ТТК – Хераклеа
Чаир 2030 – Спарта
Пелистер Медика карта – ГКК Охрид
ФОТО: Ohridnews