05.03.2022

„Лавовите“ од Кисела Вода беа убедливи во Аеродром против „вториот тим“ на МЗТ Скопје (84:63)

17. КОЛО – ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Нов тренер, стари, победнички навики за Навико Академија ФМП

Ниту промената на првиот тренер не донесе некои сериозни промени, особено во играта на екипата на Навико Академија ФМП.

Одиграа одлично на првото гостување по заминувањето на Алекандар Петровиќ во МЗТ Скопје Аеродром. Токму против „братската екипа“ на шампионот.

 МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА – НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП 63:84

Промената на првиот тренер не донесе и промени во играта на екипата на Навико Академија ФМП. Одлично функционираа „лавовите“ од Кисела Вода и на гостувањето во Аеродром против, условно кажано, „вториот тим“ на МЗТ Скопје.

Буквално од првата минута, екипата која сега, по заминувањето на Александар Петровиќ, ја предводи Никола Божиновски доминираше, брзо оствари двоцифрена предност. По десет минути од играта веќе беа „далеку“, на (33:14). Предност која со рутинерска игра ја сочуваа и до истекот на првото полувреме (52:28) во кое поентерски се одвоија Бакоч со 16, и Стојановски со 14.реализации.

 Во продолжението на натпреварот, падна и дефинитивната одлука кој ќе биде конечниот победник. Гостите од Кисела вода продолжија да го полнат кошот на младите „металци“. До истекот на третата четвртина веќе беа многу далеку од ривалот. Поведоа со двојно поголеми, и недостижни (78:39), и повеќе од доволно за 11. победа во 17 . одиграни мечеви во досегашниот дел од сезоната.

АНГЕЛИ – ТФТ        54:77

Двете екипи си поделија по една четвртина во првото полувреме. Во првата доминираа гостите, кои предводени од Хортон први направија предност од (13:6), потоа имаа и (15:10), за првиот дел да заврши со нешто пониски (12:15) за гостите од Тафталиџе кои водеа се до 16.минута (23:22), кога Грифин Раме погоди за три поени, за водство на Ангели (25.23), кое го сочуваа до полувремето (33:32).

Се што изградија во првото полувреме домашните кошаркари го загубија во третата четвртина. Или десет минути во кои фаворитот го покажа својот квалитет. Макар што беа без својот репрезентативен играч, Андреј Маслинко, тоа не им посмета на „црно-белите“ да ги постават работите на своето место и дс го уништат дебито на тренерот Боби Митев на клупата на екипата од Драчево. Го добија тој трет дел од играта со плус од 20.поени (26:6), доволно да стигнат до недостижни (58:39). Во оној последен дел, само ја одработија рутинерски работата избраниците на тренерот Боро Смилковски, за скор (10-7) во првенството,