05.03.2022

Беа далеку подобри од Феникс 2010 (96:75) и ја продолжија победоносната серија...

17. КОЛО – ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Серијата на Гостивар трае... и ќе потрае...

И кошаркарите на Феникс 2010 останаа без решение на ситуацијата, како некој да биде подобар од Гостивар...

ГОСТИВАР – ФЕНИКС 2010        96:75

На полувремето во Гостивар беше „само“ (47:39) за домашната екипа. Само од причина што гостиварци имаа и повисока предност во тие 20.минути од играта на екипи кои зад себе имаа убави, победнички серии.

По седум минути од мечот во „Младост“, Гостивар поведе со (24:14), до истекот на првата четвртина имаа уште повисоки (29:18).

По нецели три минути од вториот период, Гостивар со серија од (9-2), стигна до најубедливото водство од (38:20). По забивањето на Силаџи имаше и (40:22), но до крајот на првото полувреме гостите од Скопје таа негатива ја преполовија.

Дојдоа до едноцифрен минус, (39:47). А Јанески, со 12. реализации го предводеше Гостивар, екипата во која Ворку даде 10. поени, исто колку што имаше и Тодоровиќ.

На другата страна, со 15. поени се одвои Бојан Трајковски.

Во второто полувреме без ниаккви измени во играта. А реултатот дури и порасна во корист на екипата – домаќин. На крајот на третата четвртина Гостивар дојде до недостижно водство од (71:55). И повеќе од доволно за 12. победа во првенството, која ги остава веднаш зад водечкиот двоец, Пелистер и МЗТ Скопје Аеродром.

ЕУРО НИКЕЛ 2005 – КОЖУВ      78:63

Добро одиграниот прв период од играта во салата „Јасмин“ кој го реализираа во своја корист со (24:17), не се покажа како гаранција за нешто повеќе од слични (37:32), кои Еуро Никел 2005 ги имаше на полувремето од дуелот со гевгелиски Кожув.

Иако во значајно променет состав, екипата од Гевгелија делуваше сосема рамноправно со големиот фаворит. И иако беше во постојана резултатска негатива не се откажуваше од желбата за изненадување на гостувањето во Кавадарци.

Но тоа не се случи. Во вториот дел од играта, кавадарчани притиснаа малку повеќе, особено во делот на одбраната. До истекот на 30.минута од играта таа предност од полувремето ја претворија во двоцифрена (58:48). И тука момците на тренерот Горан Самарџиев не застанаа, напротив, во исто темпо продолжија и во решавачкиот период од оваа средба во која ја потврдија квалитет и дојдоа до нова победа.

За нив деветта по 17. одиграни натпревари со која се во средината на табелата во прволигашката конкуренција. Екипата од Гевгелија пак останува на бројката од само пет успешни игри, доволно за деветтото место.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 17. КОЛО

МЗТ Скопје Уни Банка – Навико Академија ФМП 63:84

Ангели – ТФТ          54:77

Еуро Никел 2005 – Кожув          96:75

Гостивар – Феникс 2010 78:63

6. МАРТ (НЕДЕЛА):

19.30: Работнички – МЗТ Скопје Аеродром

Сала СРЦ „Кале“ – Скопје

Стрим: https://youtu.be/LVxwCWc6vXA

7. МАРТ (ПОНЕДЕЛНИК):

18.30: Куманово 2009 – Пелистер

Сала на Економско училиште „Перо Наков“ – Куманово

Стрим: https://youtu.be/s8nSxFkW34c