Двата натпревари во кои беа вклучени нашите претставници во АБА 2 конкуренцијата се веќе зад нас. Работнички му го нанесе вториот пораз на водечкиот тим во лигата, Пелистер, додека пак МЗТ Скопје Аеродром го искористи тоа и со победата во Гостивар се приближи до „пелистерци“ на само еден чекор во трката за првата позиција на табелата во Првата лига.
А се чини дека најинтересниот натпревар ќе се одигра во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, каде екипата на ТФТ го пречекува Феникс 2010 во натпревар по кој ќе биде симне една дилема, која од тие две екипи ќе продолжи во следната фаза – Суперлигата.
„Црно-белите“ се во предност, имаат една победа повеќе во пресрет на овие последни четири кола од регуларниот дел. Па со евентуален успех, ќе бидат пред целта. Од друга страна пак новакот во друштвото на најдобрите е пред императив, да победи во „Кале“ и да ја продолжи борбата заедно со екипата на Еуро Никел 2005.
Во овој круг од натпреварите кавадарчани имаат нималку лесно гостување во Куманово (недела, 18.30 часот). Кумановци исто така бараат прекина на лошата серија на неуспеси, која ги „симна“ во долниот дел од табелата каде (ќе) се бие битка за опстанок.
Викенд-програмата ќе биде отворена во сабота, од 17.часот, со дуелот во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ каде МЗТ Скопје Уни Банка е домаќин на гевгелиски Кожув. Дуел на две екипи кои сакаат што повеќе победи во пресрет на Плеј-аут фазата.
Ангели е една од нив, но во недела од 19.30 часот, ќе има тешка задача да го сопре составот на навико Академија ФМП во „дербито на Кисела Вода“.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 19. КОЛО
19. МАРТ (САБОТА):
17.00: МЗТ Скопје Уни Банка – Кожув
Мала сала на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје
https://youtu.be/4bYdLfzcCak
20. МАРТ (НЕДЕЛА):
17.00: Ангели – Навико Академија ФМП
Сала „Независна Македонија“ – Скопје
https://youtu.be/FWcJSSdwVbQ
18.00: ТФТ – Феникс 2010 (МРТ)
Сала на СРЦ „Кале“ – Скопје
https://youtu.be/MLSg0KpPeMg
18.30: Куманово 2009 – Еуро Никел 2005
Сала „Перо Наков“ – Куманово
https://youtu.be/DMzK16jWpMg
ПРЕТХОДНО ОДИГРАНИ НАТПРЕВАРИ:
Гостивар – МЗТ Скопје Аеродром 68:77
Работнички – Пелистер 95:89