За последен пат во оваа прва фаза од шампионатот едно првнствено коло ќе биде поделено во неколку „дела“.
Поради обврските кои следната недела ќе ги имаат МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер во рамките на АБА 2 лигата, овие две екипи своите натпревари од овој круг ќе ги одиграат денес и утре.
Од 18.часот во салата „Младост“ во Гостивар (директен пренос на МРТ), актуелниот бранител на насловот, екипата на МЗТ Скопје Аеродром ќе биде пред тешка задача во дуелот со секогаш мотивираните гостиварци кои во минатото коло ставија крај на серијата од седум победи по ред.
Па вечерва ќе имаат дополнителни мотиви да излезат како победници против веројатно и најквалитетниот состав во друштвото на најдобрите
Ден подоцна, во четврток, од 19.30 асот во СРЦ „Кале“ Работнички го пречекува лидерот во шампионатот, а во обид да дојде до првата победа по тренерската смена во која Игор Михајловски го зазема местото на Тони Симиќ. „Црвено-белите“ се во лоша серија од седум порази, па еден успех против квалитетен ривал ќе значи многу. Пред се за кревање на самодовербата во пресрет на последниот дел од првата фаза од шампионатот.
Во сабота е предвиден натпреварот во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ во кој МЗТ Скопје Уни Банка ќе се обиде да се награди за добрата игра пред неколку дена во Битола, и да го победи Кожув. Со намера да фати приклучок во трката за опстанок во елитното друштво.
Другите три натпревари се играат во недела...
Во Куманово, од 18.30 часот, исто така во недела, гостува кавадаречки Еуро Никел 2005.
Нешто подоцна, на друга локација во Скопје, големата сала на СРЦ „Кале“, се очекува интересен натпревар во кој ќе се сретнат екипите на ТФТ и на Феникс 2010 кои ја бркаат онаа последна шеста позиција која води во Суперлигата.
Колото број 19 ќе биде затворено со натпреварот Од 19.30.часот, во салата „Независна Македонија“ е „дербито на Кисела Вода“, Ангели е домаќин на Навико Академија ФМП.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
ДВОЈКИ 19. КОЛО
16. МАРТ (ДЕНЕСКА):
18.00: Гостивар – МЗТ Скопје Аеродром (МРТ)
Сала „Младост“ - Гостивар
17. МАРТ (ЧЕТВРТОК):
19.30: Работнички – Пелистер
Сала СРЦ „Кале“ – Скопје
19. МАРТ (САБОТА):
17.00: МЗТ Скопје Уни Банка – Кожув
Мала сала на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје
20. МАРТ (НЕДЕЛА):
19.30: Ангели – Навико Академија ФМП
Сала „Независна Македонија“ - Скопје
18.00: ТФТ – Феникс 2010
Сала на СРЦ „Кале“ - Скопје
18.30: Куманово 2009 – Еуро Никел 2005
Сала „Перо Наков“ – Куманово