Во дуелот на двата големи пријатели и довчерашни соработници Борис Нешовиќ и Перо Блажевски (како стручен штaб на МЗТ Скопје Уни Банка), славеше екипата од Гевгелија...
МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА – КОЖУВ 73:87
Неверојатно добар почеток имаа гостите од Гевгелија на ова гостување во СЦ „Јане Сандански“. За само неколку минути, поточно седум, имаа повеќе од убедливи (19:4). Но во последните три од првата четвртина, домашните кошаркари дадоа осум, не примија ниту еден, за намалување на таа голема негатива на пристојни, и достижни (12:19).
Секако, младиот соства од аеродром беше далеку од предавање. И по пет врзани поени кои дојдоа од Исајлоски, во 17. минута дури и преминаа во водство.
Поведе МЗТ Скопје Уни Банка со (32:29), но се чини дека дојде нивниот ред за да „застанат“, а противникот да ја преземе резултатската предност. На гостите од Гевгелија им припаднаа последните три минути од полувремето во кое повторно обезбедија предност, сега од пет поени, (39:34).
По поените на Бродвеј, Кожув се одвои и на (47:39), но повторно домашните кошаркари успеаа да стигнат и таква негатива. Со серија од осум поени, пет на Коскоски и тројка на Петровски, составот на МЗТ Скопје Уни Банка дојде до нов резултатски егал (47:47) по 24. минути играње во СЦ „Јане Сандански“.

Но и тоа беше од „краток век“ затоа што гевгеличани и по трет пат успеаја, сега одново да направат двоцифрена разлика. И по три периоди да имаат сосема солидни (67:55).
Оконкво веќе имаше 20.реализации, а кај гостите поентерски раположени беа и Унрух, Бродвеј и Колев, сите со десет и повеќе поени.
На другата страна Петровски се претвори во прв стрелец, со 18. поени, по 13 имаа репрезентативецот Митевски и Коскоски.
Кожув имаше и уште повисоки (71:58), но уште еднаш дозволи противникот да дојде до достижни (66:73). Тројката на Унрух ја смири ситуацијата на теренот, за плус 10 (76:66), кој се покажа како недостижен за конкурентот во битката избегнување на последните две места на табелата.

Ова беше и втора, по ред победа за Кожув (претходно беа подобри од уште еден ривал, Куманово 2009), по која сега екипата од Гевгелија е во „помирни води“. Има скор 7. победи и 12. порази со што уште повеќе се доближи кон опстанокот во друштвото на најдобрите, макар што до крајот на оваа прва зафа има уште три кола, по што следува Плеј-аут лигата.
МЗТ Скопје Уни Банкa е чекор поблиску до преселба во Втората лига, останува на две победи исто колку што има и екипата на Ангели.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 19. КОЛО
МЗТ Скопје Уни Банка – Кожув 73:87
20. МАРТ (НЕДЕЛА):
17.00: Ангели – Навико Академија ФМП
Сала „Независна Македонија“ – Скопје
https://youtu.be/FWcJSSdwVbQ
18.00: ТФТ – Феникс 2010 (МРТ)
Сала на СРЦ „Кале“ – Скопје
https://youtu.be/MLSg0KpPeMg
18.30: Куманово 2009 – Еуро Никел 2005
Сала „Перо Наков“ – Куманово
https://youtu.be/DMzK16jWpMg
ПРЕТХОДНО ОДИГРАНИ НАТПРЕВАРИ:
Гостивар – МЗТ Скопје Аеродром 68:77
Работнички – Пелистер 95:89