Од оваа сезона го имаме и „дербито на Кисела Вода“. Во дуелот на двата клуба кои своите натпревари ги играта во салата „Независна Македонија“ во оваа скопска населба, победа славеше фаворитот – Навико Академија ФМП.
Популарните „лавови“ ги искористија сите свои предности и убедливо го победија составот на Ангели.
АНГЕЛИ– НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП 56:83
Победата, условно кажано „гостите“ ја најавија уште во првата четвртина во која се стекна со двојно повисоки (22:11). И иако се стекнаа со двоцифрена предност, играчите кои сега од клупата ги предводи Никола Боѓиновски, немаа намера да застанат. До полувремето ја зголемија разликата на (41:25).
Но се чини дека и тоа им беше малку во овој дуел, притиснаа уште повеќе по оние задолжителни 15. Минути за одмор. Го добија и тој дел од играта, за да стигнадо до недостижни (62:38).

Но и до третото место на табелата во Првата лига. Со скор (13-6) веднаш зад водечкиот двоец, Пелистер и МЗТ Скопје Аеродром, со реални шанси и во преостанатите три кола да остане на истото место.
До 13. победа во првенството ги водеше Крстајиќ, кој иако не беше стартер, комплетира 19. реализации, а двоцифрен број на поени реализираа уште неколку кошаркари, Ајви (13), Двојаковски (12), Бакоч (11)...
Во домашната екипа, Атанасов и Милков реализираа по 12. поени, Раме додаде уште 11, но Ангели остануваат последнопласирани, со скор (2-17).
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ 19. КОЛО
Ангели – Навико Академија ФМП 56:83
Куманово 2009 – Еуро Никел 2005 67:75
ТФТ – Феникс 2010 77:68
Гостивар – МЗТ Скопје Аеродром 68:77
Работнички – Пелистер 95:89
МЗТ Скопје Уни Банка – Кожув 73:87
ТАБЕЛА: Пелистер (17-2), МЗТ Скопје Аеродром (16-3), Навико Академија ФМП (13-6), Гостивар (12-7), ТФТ (12-7), Еуро Никел 2009 (11-8), Феникс 2010 (10-9), Работнички (8-11), Кожув (7-12), Куманово 2009 (4-15), МЗТ Скопје Уни Банка (2-17), Ангели (2-17);