Кошаркарите на ТФТ остануваат во првата половина од табелата во првата лига, оние кои водат во следната фаза која се нарекува Суперлига. За тоа им беше потребна победата над директонито противник во трката за тие места кои водат во Плеј-офот.
И ја реализираа, беа подобри од Феникс 2010...
ТФТ – ФЕНИКС 2010 77:68
По израмнетиот почеток во кој госитре беа а два поени подобри (24:22), кошаркарите на ТФТ ја прземаа контроата над играта и над резултатот во втората. Заиграа, пред се, многу подобра одбрана. Не дозволуваа лесни поени за противничката екипа во која најчесто поентираа Трајковски Морган. И многу брзо стигнаа до двоцифрена предност, каква што беше и на големиот одмор (45:32).
Кај „црно-белите“, Бишоп и Смит го диктираа поентерскиот ритам, секако потпомогнати од Костоски во улога на асистент.
Во продолжението од играта „олтите“ постојано се обидуваа таа предност да ја сведат на достижна. И во 29.минута по поените на Петков, а потоа и на Морган, се „спуштија“ на минус од само три поени (54:57).
Серијата, со тројка, ја прекина Хортон, за тој трет дел да финишира со водство на домашната екипа од од само „пола кош“, (59:60) окако погодија најдобрите Морган и Трајковски.
Гостите успеаја во намерата да преминат во водство откако Трајковски погоди уште еднаш, за (64:63) по нецели три минути игра од последната делница.
Но тоа беше и последното водство кое го имаше Феникс 2010 на средбата во СРЦ „Кале“. Бишоп и Костоски отворија победнишка серија за ТФТ, кој стигна до сигурни (72:64), макар што до крајот имаше да се играат четири и пол минути.
Недоволно за гостите да направат уште еден пресврт.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ 19. КОЛО
ТФТ – Феникс 2010 77:68
Куманово 2009 – Еуро Никел 2005 во тек
Ангели – Навико Академија ФМП во тек
Гостивар – МЗТ Скопје Аеродром 68:77
Работнички – Пелистер 95:89
МЗТ Скопје Уни Банка – Кожув 73:87
ТАБЕЛА: Пелистер (17-2), МЗТ Скопје Аеродром (16-3), Гостивар (12-7), Навико Академија ФМП (12-6), ТФТ (12-7), Еуро Никел 2009 (10-8), Феникс 2010 (10-9), Работнички (8-11), Кожув (7-12), Куманово 2009 (4-14), МЗТ Скопје Уни Банка (2-17), Ангели (2-16);