Уште еден круг од натпреварите во Првата лига ќе биде во една „продолжена“ форма. Отсуството на двете водечки екипи, Пелистер и МЗТ Скопје Аеродром (имаат обврски во АБА 2 лига во „балонот“ кој се игра до крајот на оваа работна седмица во Широки Бријег), е причината што 20. коло ќе биде „затворено“ во четврток, кога се игра предвидениот меч помеѓу екипите на МЗТ Скопје Аеродром и ТФТ (директен пренос на МРТ3).
Стартува вечерва, со дуелот во кавадаречки „Јасмин“, каде екипата на Еуро Никел 2005 го дочекува младиот тим на МЗТ Скопје Уни Банка во обид да го потврди шестото место на табелата кое води во Суперлигата
Следните три натпревари се играат во недела. Два од нив, Кожув-Работнички и Навико Академија ФМП-Гостивар се со почеток од 18.часот.
А два часа подоцна (20.00), во малата сала на СЦ „Јане Сандански“, екипата на Феникс 2010 е домаќин на екипата на Куманово 2009.
По завршувањето на активностите во Широки Вројег, лидерот во прволигашката конкуренција ќе се врати на домашен колосек со натпреварот против „фенерџијата“ Ангели, кој се игра во среда навечер, од 18.30 часот.