02.04.2022

На вистинско место, во Гостивар, битолчани ја потврдија првата позиција на табелата, славеа сигурен триумф (81:64)

21. КОЛО – ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Пелистер лидерски во Гостивар

Битолчани доминираа во текот на сите четири четвртини и стигаа до многу важна победа со која се пред потврда на позицијата број 1 во регуларниот дел од сезоната во Првата лига.

ГОСТИВАР – ПЕЛИСТЕР                64:81

Лидерот на табелата, ја потвди улогата на фаворит на никогаше лесното гостување во гостиварски „Младост“.

Битолчани беа далеку подобар ривал од домашната екипа. Уште во првата фаза од дерби дуелот на 21. коло, обезбедија предност, која од минута во минута само ја зголемуваа. До истекот на првото полувреме, „зелено-белите“ стигнаа до двоцифрени (42:30).

Не попуштаа ниту во продолжението на играта. Беа подобри од противникот и во третиот дел од играта. Го решија во своја корист со (18:15), преку кои се стекнаа до недостижни (60:45).

До победата, за нив 19. во 21. натпревар, ги предводеше трилингот Малешевиќ-Кесар-Ѓуроски кој реализираше 53. од крајните 81. поен.

Кај Гостивар, новакот Гетлинг се представи пред публиката во „Младост“ со 18.поени, 7. скока и 4. асистенции, а двоен број на поени уште запишаа Тодоровиќ (14), и Ефремовски (12).

Премалку да се победи водечкиот тим на табелата кој ја задржа предноста од една победа во однос на МТ Скопје Аеродром.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 21. КОЛО

ГОСТИВАР – ПЕЛИСТЕР    64:81

3. АПРИЛ (НЕДЕЛА):

16.15: АНГЕЛИ – КОЖУВ

Сала „Независна Македонија“ – Скопје

https://youtu.be/9umnHgX0DZI

17.00: МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА – КУМАНОВО 2009

Мала сала на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

https://youtu.be/NQXJ3hb5hBQ

19.00: МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ФЕНИКС 2010

Голема сала на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

https://youtu.be/gLiLrkuWX8E

19.30: РАБОТНИЧКИ – ЕУРО НИКЕЛ 2005

Сала на СРЦ „Кале“ – Скопје

https://youtu.be/sj397v9qkVM

6. АПРИЛ (СРЕДА):

20.00: ТФТ – НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП

Сала на СРЦ „Кале“ – Скопје

https://youtu.be/Sgy1eVuwIag