Шестото коло од Првата лига-жени, скоро ги детерминираше натпреварувачките броеви по кои ќе се формираат четвртфиналните двојки од плеј-офот.
Со победата во скопската пресметка против Вардар (89:69), кошаркарките на Бадел 1862 ја потврдија првата стартна позиција. Во пресрет на последното коло кое се игра претстојниот викенд, „баделки“ се на чекор пред актуелниот бранител на титулата, Баскет Кам 2011.
Најголемото изненадување го направија кошаркарките на Пробаскет, кои на домашен терен стигнаа до првиот првенствен триумф во оваа втора фаза од натпреварувањето. Ја победија Струга 2009 со (59:52).
До првата победа, но на гостински терне во овој дел од сезона стигнаа и кошаркарките на МЗТ Скопје Аеродром. Беа за поен подобри од Крива Паланка (61:60) за уште пголема самодоверба пред последниот круг од натпреварите во оној регуларен дел од првенството.
ПРВА „А“ ЛИГА
РЕЗУЛТАТИ 6. КОЛО - ОРОЛОЏО
Вардар – Бадел 1862 69:89
Пробаскет – Струга 2009 59:52
Крива Паланка – МЗТ Скопје Аеродром 60:61
Баскет Кам 2011 – слободен
ТАБЕЛА: Бадел 1862 35, Баскет КАМ 2011 32, Вардар 28, Крива Паланка 23, Струга 2009 22, МЗТ Скопје Аеродром 22, Пробаскет 18;
ИДНО КОЛО (02.04)
Баскет Кам 2011 – Пробаскет
МЗТ Скопје Аердром – Вардар
Струга 2009 – Крива Паланка
Бадел 1862 – слободен