02.10.2025

И пред почетокот на новата сезона се поставува прашањето, дали некој може да ги симне „металците“ од тронот

ИСТОРИЈАТ - МТЕЛ СУПЕР ЛИГА-МАЖИ: Има ли МЗТ Скопје Аеродром вистинска конкуренција?

Со генерален спонзор, „Мтел“ како префикс, втора година по ред, утре попладне, од 18.часот, со натпреварот, МЗТ Скопје Аеродром-Маџари, ќе стартува новата, 34. по ред првенствена сезона во најсилното клупско натпреварување во нашата земја – Супер лигата.

Раководството на Македонската кошаркарска федерација им овозможи на 12. суперлигашки клубови многу полесно функционирање за деновите кои следуваат, а во кои МЗТ Скопје Аеродром ќе биде во улога на бранител на шампионскиот трофеј, и не само тој, туку и оние другите освоени во Купот, а пред некој ден и Суперкупот на Македонија.

По возбудувањата во Суперкупот, на ред е и она официјално „отворање“ на првенствената сезона...

Онаа во која 12. клубови ќе се обидат да ги остварат своите поставени цели – да стигнат до што е можно подобар пласман и ги реализираат и желбите на своите следбеници, симпатизери...

Добар дел од нив и да тргнат во мисија која се граничи со прекин на шампионската серија на МЗТ Скопје, која трае и трае...

Извесно е дека токму во тие обиди на конкуренцијата ќе протекне новиот шампионат во кој, јасно е, екипата од Аеродром влегува како најсериозен кандидат, да додаде уште една шампионска звездичка во историјатот на нашето најквалитетно натпреварување, и уште повеќе да му се доближи на својот најголем ривал – Работнички.

Шест шампионски пехари дојдоа во „Јане Сандански“ од 2019 година, а можеби таа бројка ќе беше и поголема доколку короната не беше присутна и на кошаркарските терени во нашата земја.

Како и да е, потезите кои ги направи раководството на „металците“ во периодот помеѓу двете сезони е јасна најава дека се подготвени да тргнат во одбрана на она што го постигнаа во последните години.

ИСТОРИЈАТ

Досегашни шампиони на Македонија - мажи

СЕЗОНА 1992/1993: Работнички – МЗТ Скопје 3:0

СЕЗОНА 1993/1994: Работнички – Кочани Деликатес 3:2

СЕЗОНА 1994/1995: Работнички – Кочани Деликатес 4:3

СЕЗОНА 1995/1996: Работнички – МЗТ Скопје 3:0

СЕЗОНА 1996/1997: Работнички - Жито Вардар 4:2

СЕЗОНА 1997/1998: Работнички – МЗТ Скопје 3:2

СЕЗОНА 1998/1999: Работнички – МЗТ Скопје 3:2

СЕЗОНА 1999/2000: Никол Ферт – Работнички 3:2

СЕЗОНА 2000/2001: Работнички – МЗТ Скопје 3:0

СЕЗОНА 2001/2002: Работнички – Куманово 4:2

СЕЗОНА 2002/2003: Работнички - Поло Трејд 3:0

СЕЗОНА 2003/2004: Работнички – МЗТ Скопје 4:1

СЕЗОНА 2004/2005: Работнички – Вардар 4:2

СЕЗОНА 2005/2006: Работнички – Вардар 4:1

СЕЗОНА 2006/2007: Струмица – Работнички 4:1

СЕЗОНА 2007/2008: Фени Индустри – Струмица 4:3

СЕЗОНА 2008/2009: Работнички – Фени Индустри 4:2

СЕЗОНА 2009/2010: Фени Индустри - Вардар Осигурување 4:3

СЕЗОНА 2010/2011: Фени Индустри – Работнички 4:1

СЕЗОНА 2011/2012: МЗТ Скопје Аеродром – Фени Индустри 4:1

СЕЗОНА 2012/2013: МЗТ Скопје Аеродром – Кожув 4:0

СЕЗОНА 2013/2014: МЗТ Скопје Аеродром - Работнички 3:1

СЕЗОНА 2014/2015: МЗТ Скопје Аеродром – Куманово 3:0

СЕЗОНА 2015/2016: МЗТ Скопје Аеродром - Куманово 3:1

СЕЗОНА 2016/2017: МЗТ Скопје Аеродром – Карпош Соколи 3:2

СЕЗОНА 2017/2018: Работнички – МЗТ Скопје Аеродром 3:0

СЕЗОНА 2018/2019: МЗТ Скопје Аеродром – Работнички 3:0

СЕЗОНА 2019/2020: не беше прогласен шампион

СЕЗОНА 2020/2021: МЗТ Скопје Аеродром – Еуро Никел 2005 3:0

СЕЗОНА 2021/2022: МЗТ Скопје Аеродром – Пелистер 3:1

СЕЗОНА 2022/2023: МЗТ Скопје Аеродром – Пелистер 3:0

СЕЗОНА 2023/2024: МЗТ Скопје Аеродром – Пелистер 3:0

СЕЗОНА 2024/2025: МЗТ Скопје Аеродром – ТФТ 3:1

СЕЗОНА 2025/2026: ???