24.09.2025

Овој викенд, македонскиот вицешампион ќе ги одигра првите два натпревари во регионалното натпреварување

Крива Паланка ќе дебитира во ВАБА 2 лигата

Во 25. година од постоењето, ВАБА 2, односно втората женска јадранска лига ќе има претставник од Македонија.

Тоа е екипата на Крива Паланка која испрати пријава за учество во ова регионално натпреварување.

За екипаата финалист во ланското издание на плеј-офот, ќе биде историски момент, затоа што за прв пат во своето постоење „излегува“ надвор од границите на нашата држава, и ќе биде дел од ова натпреварување во кое учествуваат екипи од повеќе земји од опкружувањето (и пошироко) како Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија и од Австрија.

Почнувајќи од овој викенд, кошаркарките на тренерот Виктор Петровски ќе играат против екипите на Јежица, Илирија, Марибор (Словенија), Брод на Сави (Хрватска), РМУ Бановичи (БиХ), Подгорица (Црна Гора), Клостернбург и УБИ Грац (Австрија).

На премиерата, на 27.септември, нашиот претставник ќе игра против црногорската Подгорица, во меч кој е закажан за 19.часот, а ќе се игра во салата „Бранители 2001“ во Крива Паланка.

Наредниот ден, од 15.часот, Крива Паланка како домаќин ќе игра и против екипата на РМУ Бановичи. што ќе биде добра можност за љубителите на кошарката, не само во Крива Паланка, туку и во околината, да присуствуваат на квалитетни натпревари од ова женско регионално натпреварување.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ ВО ВАБА 2 НА КРИВА ПАЛАНКА

(ПРВ ДЕЛ ОД СЕЗОНАТА)

1. КОЛО (27.СЕПТЕМВРИ, 2025)

Крива Паланка – Подгорица

2. КОЛО (28.СЕПТЕМВРИ, 2025)

Крива Паланка – РМУ Бановичи

3. КОЛО (25.ОКТОМВРИ, 2025)

Клостербург – Крива Паланка

4. КОЛО (26.ОКТОМВРИ, 2025)

Брод на Сави – Крива Паланка

5. КОЛО (29.НОЕМВРИ, 2025)

Крива Паланка – Јежица

6. КОЛО (30.НОЕМВРИ, 2025)

Крива Паланка – Марибор

7. КОЛО (31.ЈАНУАРИ, 2026)

Илирија – Крива Паланка

8. КОЛО (1. ФЕВРУАРИ, 2026)

УБИ Грац – Крива Паланка