21.09.2025

Во „малото финале“, Кожув беше за еден поен подобар од Тиквеш Голден Игл (87:86)

МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР „АНДРЕЈ ГРКОВСКИ ТАФТА“ - 2025: Третото место за Кожув!

Во натпреварот за третото место на турнирот, кошаркарите на Кожув беа за нијанса подобри од своите колеги од Тиквеш Голден Игл. славеа гевгеличани со минимални (87:86).

Тиквеш Голден Игл - Кожув 86:87

Можеа многу порано да дојдат до поведат избраниците на тренерот Апостоли Апостолов, затоа што на почетокот на последната четвртина со серијата од (12-2) обезбедија двоцифрена предност.

На почетокот на 33.минута, водеа со (78:67), но во наредните три, кавадарчани направија серија од (11-0) со која стигнаа до израмнување (78:78), па мечот доби дополнителна драматика во оние преостанати, нешто повеќе од четири минути за игра.

Нерешено (83:83), беше и на две минути пред крајот кога реализираше Мирков. Но од линијата за слободни фрлања успешен беше Бојчев за водство на Кожув (85:83).

Мирков погоди уште еднаш за (85:85), но на 45 секунди пред крајот, врати Симиќ, кој донесе ново водство за екипаата од Гевгелија.

Шанса за нов егал имаше Андресон. Но беше половичен од линијата за слободни фрлања. По нереализираниот напад на гевгеличани, ниту Џексон не го погоди противничкиот кош па победата и третото место му припаднаа на Кожув, во чии редови репрезентативецот Теодор Симиќ дојде до дабл-дабл ефект од 23.поени и 13.скока,. По 18. поени реализираа Первис и Вучковиќ (плус 11.скока), а двоцифрен број на поени имаа и Бојчев - 12, односно Колев, кој даде 11.

Во екипата од Кавадарци. Џексон даде 19 Андресон имаше 17, а Глигоријевиќ и Дес по 16.реализации.

РЕЗУЛТАТИ

ПОЛУФИНАЛЕ

МЗТ Скопје Аеродром – Тиквеч Голден Игл 71:67

ТФТ – Кожув 82:76

ЗА ТРЕТО МЕСТО

Тиквеш Голден Игл - Кожув 86:87

ФИНАЛЕ

МЗТ Скопје Аеродром – ТФТ (во тек)