08.10.2025

Во премиерното коло во М18, односно М14 лигата, домашниот терен се покажа како голема предност

МЛАДИНСКИ „АДАСТРА“ ЛИГИ: Почеток на сезоната со доминација на домаќините

Изминатиот викенд и официјално беше означен почетокот на натпреварувањата (дел од нив) од младинските „Адастра“ лиги, а во преден план, оние во М18 лигата во обете конкуренции.

Оваа сезона, првата фаза од М18 лигата во машка конкуренција, натпреварувањето се одвива во три натпреварувачки групи.

Во првата, во премиерниот круг, три победи на домашните екипи.

Екипата на ТФТ на свој терен го победи Гостивар 2 со сигурни (68:59), Ангели беше поуспешен во дуелот со Универзитет Тетово (77:50), додека Феникс 2010 беше убедлив против Тетекс ТТК, славеше со високи (66:46).

ФОТО: Екипата на Феникс 2010 имаше сигурен настап на гостувањето во Тетово

Во групата „2“, најубедливиот триумф го запишаа јуниорите на Вибас, против Мега баскет (87:58), а домашни победи реализираа и Чаир, во дуелот со Пелистер (73:59), и Црн Дрим во „езерското дерби“ против ГКК Охрид (98:82).

Викендот на домаќините го заокружија и трите победи во групата „3“.

МКК Куманово го совлада Спортисимо (63:51), Винеам, на премиерата во Виница, беше многу подобар од МЗТ Скопје (88:61), додека пак убедлив беше и настапот на велешки Борец против екипата на Струмица (89:55).

* Овој викенд стартуваа и натпреварите во М14 лигата во обете конкуренции. Во машкиот сегмент, се играа во мечевите во групата „1“, односно групата „3“,

А екипата на МВП Скопје беше една од ретките која успеа да победи на гостински терен. Дојдоа до висока победа на гостувањето во Кавадарци против екипата на Тиквеш, (99:51).

Во другите три натпревари, три победи на домашните екипи. Во дербито на Струмица, Струмица Ролинг беше подобра од АБА Струмица (61:48), ИБА баскет славеше во дуелот со Дино баскет (67:43), а Вардар беше поуспешен во средбата со Спортисимо (61:50).

Домашните екипи имаа максимален ефект и во групата „3“.

Гостивар 2, убедливо го победи Тим баскет (106:54), Борец помина слично во мечот против Чаир (75:48), како и МКК Куманово во натпреварот со Универзитет Тетово (78:46).

Во дуелот на двете екипи од Тетово, Љуботен го победи Тетекс ТТК (75:51), и ги освои првите бодови во новата сезона во оваа конкуренција.

Претстојниот викенд, на 18. октомври, ќе стартуваат натпреварите во групата „2“.

М18-МАЖИ – ГРУПА 1

РЕЗУЛТАТИ 1. КОЛО

ТФТ – Гостивар2 68:59

Ангели – Универзитет Тетово 77:50

Феникс 2010 – Тетекс ТТК 66:46

Вардар – слободен

ИДНО КОЛО (11.10.2025)

Вардар – Тетекс ТТК

Универзитет Тетово – Феникс 2010

Гостивар 2 - Ангели

ТФТ – слободен

ГРУПА 2

Вибас – Мега баскет 87:58

Чаир – Пелистер 73:59

Црн Дрим – ГКК Охрид 98:82

Водно Санс – слободен

ИДНО КОЛО (11.10.2025)

Водно Санс – Мега баскет

ГКК Охрид – Вибас

Пелистер – Црн Дрим

Чаир - слободен

ГРУПА 3

МКК Куманово – Спортисимо 63:51

Винеам – МЗТ Скопје Аеродром 88:61

Борец – Струмица 89:55

Работнички 2018 – слободен

ИДНО КОЛО (11.10.2025)

Работнички 2018 – Спортисимо

Струмица – МКК Куманово

МЗТ Скопје - Борец

Винеам – слободен

М14 – МАЖИ – ГРУПА 1

РЕЗУЛТАТИ 1. КОЛО

Струмица Ролинг – АБА Струмица 61:48

ИБА Скопје – Дино баскет 67:43

Вардар – Спортисимо 61:50

Тиквеш – МВП Скопје 51:99

Работнички - слободен

ИДНО КОЛО (11.10.2025)

Спортисимо – Тиквеш

Дино баскет – Вардар

АБА Струмица – ИБА Скопје

Работнички – Струмица Ролинг

МВП Скопје – слободен

М14 – МАЖИ – ГРУПА 2

ПРВО КОЛО (11.10.2025)

Јуниор баскет – МЗТ Скопје Аеродром

ГКК Охрид – Пелистер

Црн Дрим – Водно Санс

Колибри – Вибас

М14 – МАЖИ – ГРУПА 3

РЕЗУЛТАТИ 1. КОЛО

Гостивар 2 – Тим баскет 106:54

Борец – Чаир 75:48

МКК Куманово – Универзитет Тетово 78:46

Љуботен – Тетекс ТТК 75:61

ИДНО КОЛО (11.10.2025)

Универзитет Тетово – Љуботен

Чаир – МКК Куманово

Тим баскет – Борец

Феникс 2010 – Гостивар 2

Тетекс ТТК - слободен

*Во новата наатпреварувачка сезона, во М18 лигата-жени, ќе се натпреваруваат вкупно девет екипи. А во првото натпреварувачко коло, екипата на Вардар ја спаси честа на гостинските екипи.

На почетокот на натпреварувањето во М18 „Адастра“ лигата во женска конкуренција. јуниорките во „црвено-црна“ комбинација беа поуспешни на гостински терен во дуелот со екипата на Крива паланка (81:42).

Во останатите три натпревари, три победи на домашните екипи.

Убедлив настап имаа кошаркарките на Бадел 1862 против екипата на Гевгелија (68:29), но и на МЗТ Скопје против Охрид (104:30). Многу поизедначено се играше во Штип, каде домашната Тим Арена го победи кавадаречки Пробаскет (81:71).

*Првите мечеви во новата сезона ги одиграа и кошаркарките во М14 лигата.

Оваа натпреварувачаа сезона, вкупно 13. екипи поделени во две групи, „Исток“ и „Запад“, ќе се борат за победничкиот пехаар во ова возрасна конкуренција.

ФОТО: Женската екипа на МВП Скопје дојде до убедлива победа над Тетова булс

Во првиот круг од натпреварите, во групата „Исток“, кошаркарите на Бадел 1862 беа многу подобри во дуелот со екипата на Дино баскет Деликатес (87:16). Убедлив беше и настапот на екипата на МЗТ Скопје против Крива Паланка (63:28), како и на МВП Скопје на гостувањето во Тетово, против екипата на Тетова булс (59:23).

Поради помалиот број на пријавени екипи, првото коло во групата „Запад“ ќе се одигра овој викенд.

М18 – ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ 1. КОЛО

Бадел 1862 – Гевгелија 68:29

МЗТ Скопје – Охрид 104:30

Тим Арена – Пробаскет 81:71

Крива паланка – Вардар 42:81

Струга 2009 - слободен

ИДНО КОЛО (18.10.2025)

Пробаскет – Крива паланка

Охрид – Тим Арена

Гевгелија – МЗТ Скопје

Струга 2009 – Бадел 1862

Вардар – слободен

М14 – ЖЕНИ – ГРУПА „ИСТОК“

Бадел 1862 – Дино баскет Деликатес 87:16

Тетова булс - МВП Скопје 23:59

МЗТ Скопје – Крива паланка 63:28

Вардар - слободен

ИДНО КОЛО (18.10.2025)

Вардар – Дино баскет Деликатес

Крива паланка – Бадел 1862

МВП Скопје – МЗТ Скопје

Тетова булс - слободен

М14 – ЖЕНИ – ГРУПА „ЗАПАД“

ДВОЈКИ 1.КОЛО (18.10.2025)

Петровски - Кичево

Струга 2009 – Спорт тим

ГКК Охрид - Спортисимо