01.10.2025

Претставување на клубовите-учесници во најквалитетното натпреварување

МТЕЛ СУПЕР ЛИГА - НАТПРЕВАРУВАЧКА СЕЗОНА 2025/2026 - МКК КУМАНОВО

Нема замена за Докузовски

Дилеми, ако воопшто и постојат, или постоеле во Куманово, нема на првата тренерска позиција. Марин Докузовски е шеф на струката, и ќе се обиде во сезоната која доаѓа да направи уште еден исчекор понапред со „сино-белите“.

Без „видливи лидери“

Ако може да се употреби еден таков збор, извесно е дека тешко дека ќе се дојде од некое име во овој актуелен ростер на Куманово.

Лани добро функционираше двоецот Луковиќ-Радукиќ, на кои оваа година ќе им биде придодаден и Андреја Стевановиќ, но и македонскиот репрезентативец Максим Митевски, и секогаш присутниот Марјан Јанески, кој ќе одработи уште една сезона како играч на Куманово.

Бековска линија

Онака, на прв поглед, се чини дека кумановци ќе имаат доста добра надворешна линија во која освен Стевановиќ, кој лани беше еден од најдобрите поентери во Првата лига (како играч на Кожув), сега го имаат и репрезентативецот Максим Митевски, потоа уште еден новак, Драшко Кнежевиќ, а последен потпис на договорот стана и некогашниот младински репрезентативец Хусеин Бајрам.

Не смее да се заборави ниту на играчи кои се водат како „староседелци“, пред се, Лука Димитриевски, но и Филип Стојановски, Ѓорѓи Георгиевски...

Внатрешна линија

Во рекетот Куманово не направи измени, затоа што и нема потреба за такво нешто од едноставна причина што Докузовски ги иима на располагање Урош Луковиќ, Александар Радукиќ, секако и Марјан Јанески. Можеби недостасува уште еден играч плус во центарската ротација, но без сомнение, овој „трилинг“ ќе истурка најголем дел од сезоната како што го правеше и во текот на ланската.

Нови лица на паркетот

Има неколку, ги предводи македонскиот репрезентативен бек, Максим Митевски, тука се уште и Хусеин Бајрам, странците нови играчи на Куманово се Андреја Стевановиќ и Драшко Кнежевиќ. Во тимот има и неколку играчи од јуниорската селекција на клубот од Куманово.

Подготвени за новата сезона

Со оглед на тоа дека го надополнија заминувањето на неколку првотимци од ланската сезона, каако Тадија Тадиќ, Лука Петровиќ, но и Ренато Димитриески, Карло Блажевски и Милош Јповановиќ, се чини дека Куманово има тим сличен на ланскиот, и дека пред почетокот на сезоната не може да се мери, макар и процентуално, каква е подготвеноста на екипата која ја спрема Марин Докузовски, едно од најголемите тренерски имиња во Македонија.