02.10.2025

Претставување на клубовите-учесници во најквалитетното натпреварување

МТЕЛ СУПЕР ЛИГА - НАТПРЕВАРУВАЧКА СЕЗОНА 2025/2026 - МАЏАРИ – СКОПЈЕ

Сериозен тренерски испит за Тодоровиќ

Билетот за Прва лига тренерот Миодраг Тодоровиќ го „купи“ во текот на ланската сезона во која го донесе тимот во друштвото на најдобрите.

Раководството на Маџари одлучи да го продолжи тој тренерски пат, што дефинитивно е нов испит за младиот и амбициозен тренер.

Нема да му биде воопшто лесно ако се знае дека во паузата новиот прволигаш мораше да се создаде скоро нов тим, доста поквалитетен во однос на оној ланскиот.

Ако се зборува за искуство – тука е Димчевски

Многу нови моменти се во Маџари, особено во оној играчки дел. И оттука не може да се зборува на темата лидерство, до некој краен степен за дефинираност.

Ако „се мери“ според искуството, тоа би требало да биде Ивица Димчевски, кој ќе одигра уште една сезона во својата долга кариера.

Маџари ангажираше и двајца актуелни репрезентативци, но и четири странски играчи, па постои можост во текот на сезоната да се „појави“ некој кој би можел да „конкурира“ за еден таков префикс.

Бековска линија

Во предната линија, тренерот Тодоровиќ ќе има на располагање спој на младост и на искуство, затоа што освен Димчевски, ќе ги има и Даниел Нацевски, Љубиша Димитровски, Алек Петкоски, како и новаците Артес Степлтон и Џавон Грин, плус младиот Стефан Сопроновски. Сосема солидно за еден дебитант во Супер лигата, што во крајна мерка би требало да ги задоволи амбициите, кои дефинитивно, не се борба за опстанокот во најсилната конкуренција.

Внатрешна линија

Ангажирањето на репрезентативниот двоец Амар Хот-Марко Луканоски веројатно е потег на летото кога се зборува за екипа-дебитант во суперлигашкиот сегмент, во која ќе биде и Кристијан Лафајет, додека од позицијата на крило своите минути и поени се очекува да (ги ) испорачува Филмон Гевревит.

Нови лица на паркетот

Големи промени направи Маџари во периодот во кој се прави тоа. Во новиот, суперлигашки ростер има дури седум нови играчи, три на центарската позиција, три на бековските и една на крилната позиција.

Стручниот штаб очекува многу од Хот и Луканоски, и Лафајет кои треба да бидат „заштита“ во одбраната и да имаат свој придонес во фазата на нападот. Степлтон и Грин во поголема, и Сапроновски во веројатно помала мерка, ќе бидат на диспозиција на првите, на бековските позиции, додека на онаа крилната е Гевревит.

Подготвени за новата сезона

Кога се зборува за една „нова“ екипа, тогаш не може да се оцени во стонастотна форма, до кој степен е подготвеноста. Извесно, како и на многу други кои го „градат“ својот ростер, ќе биде потребно време. Колкаво, останува да види стручниот и раководниот тим на Маџари.