Дервишевиќ и „децата“ пред нов почеток
Уште една тренерска постојаност во нашето најквалитетно натпреварување.
Веројатно не бил Денис Дервишевиќ во една ваква ситуација, во која, може да се констатира дека Феникс 2010 тргнува „од нула“. Односно во новата сезона, тргнува со скоро комплетно нов играчки ростер,
Макар во воведниот дел од сезоната...
Стојковиќ како предводник на „новиот“ Феникс 2010
Нема дилеми, дека по заминувањето а неколку, и тоа како важни кошаркари, во прв ред на Андреј Митревски, јасно е дека онаа. т.н. „штафетна палка“ полека но сигурно треба да ја преземе Стефан Стојковиќ.
Кошаркарот кој ова лето доби повик во сениорскиот национален тим, ќе биде предводник на новиот тим на Феникс 2010, составен, во најголем дел од домашни кошаркари, со само две дополнувања „од страна“.
Бековска линија
Освен Стојковиќ, тренерот Дервишевиќ ќе може да смета и на Виктор Златевски, зад кој се веќе неколку прволигашки сезони, а во ротацијаата се и играчи како Димитриевски, Ефтимовски, Николовски, Димевски.
Стручниот штаб се надева и на добри игри на Грбовиќ, но и на еден од новите странски засилувања, како Луал Рахама.
Внатрешна линија
Веројатно е дека најголемите проблееми ќе бидат во овој дел од екипата. Затоа што во битките во рекетот ќе „учествувааат“ Иван Волканоски, Стојановски, и вториот странец, Танго Донзо. За што ќе биде тоа доволно, ќе покажат веќе оние први натпревари во новата сезона.
Нови лица на паркетот
Со само двајца странски кошаркари ќе тргне Феникс 2010 во новиот шампионат. Тука се Танго Донзо и Луал Рахама, а од домашните кошакари во летниот преоден рок дојдоа Виктор Златевски, односно Иван Волканоски, кои важат за играчи со прволигашко искуство, ново лице во тимот е и младинскиот репрезентативец Љубен Ефтимовски.
Подготвени за новата сезона
Како ќе функционира новиот состав на Феникс 2010, тоа е прашање на кое тешко дека некој, дури и луѓето од стручниот штаб, можат да дадат некој (по) точен одговор.
Со доста нови играчи во тимот, кои треба да си го најдат своето место, ќее биде потребно време.