Премиерата на новата натпреварувачка сезона во „МТЕЛ“ Супер лигата донесе навистина доста добри индивидуални постигнувања, што е и видливо во оној прв статистички пресек, односно по одигрувањето на првото суперлигашко коло.
Во првата, веројатно и најважна секција – поентерска, се издвоија неколку играчи, добар дел од нив како нови во прволигашката конкуренција.
Најмногу, 38 поени дојдоа од репрезентативниот бек на Работнички, Виктор Ефремовски. Два помалку, реализираше Глен Абрам од Гостивар, а вредни за споменување се и 24. поени кои ги реализираше најкорисниот играч во првиот круг од натпреварите, Виктор Златевски.
*Во оној скокачки сегмент, петмина играчи дојдоа до двоцифрена бројка. Новакот во Феникс 2010 Иван Волканоски реализираше 12. скока, додека Петар Бошалески (Тиквеш ГИ) и Амар Хот (Маџари), имаа по еден помаллку – 11.
*Во категоријата на најдобри асистенти, трката ја поведе тикму Виктор Златевски од Феникс 2010, Младиот бек собра десет успешни додавања на средбата со Ангели. Односно еден повеќе од групата во која се Бобан Стајиќ (Пелистер) и Мухамед Тачи (Чаир 2030)
*Младиот играч на Работнички, Бојан Стојановски загуби најмногу топки, на премиерниот меч со Пелистер имаше дури девет. Две помалку останаа запишани зад името на Мухамед Тачи (Чаир 2030), по шест пак загубија Бојан Стојаноски (Ангели), Стенли Дејвис (ТФТ) и Александар Радукиќ (МКК Куманово).
*Од друга страна, новакот во редовите на МКК Куманово, Андрија Стевановиќ дојде до шест освоени топки, колку што оствари и Декариус Николас (Кожув), додека Лука Петровски (Чаир 2030) и Ватанго Донзо (Феникс 2010), имаа по четири.
*Ватанго Донзо од екипата на Феникс 2010, имаше шест блокирани шутеви на средбата со Ангели. Половина помалку дојдоа од Ленгстон Вилсон (Пелистер) односно Кенан Карахоџиќ (Гостивар).
*Двајца играчи, Мухамед Тачи (Чаир 2030) односно Александар Радукиќ (МКК Куманово) се први на листата на играчи кои одиграа најмногу минути во првото коло од новата сезона. Подобро кажано, ги одиграа сите 40.минути на премиерата.
*Една комплетна петорка може да се пофали дека има стонастотен ефект во првото коло. Без грешка од линијата за слободни фрлања погодувааа Лук Андерсон (Тиквеш Голден Игл), Максим Митевски и Александар Радукиќ (МКК Куманово), Артис Стејплтон (Маџари) и Андреј Настовски (Ангели).
*Најдобра реализација во обидите за два поени имаше Ленгстон Вилсон од Пелистер кој реализира со максимален ефект на средбата со Работнички. Нешто понизок беше процентот на реализација на неговиот тимски колега, Никола Малешевиќ, кој имаше 87.5%, додека Урош Луковиќ (МКК Куманово), има 83.3%.
*Крилниот играч на ТФТ, Џастин Гордон имаше 75% успешност на реализација во шутот за три поени, следен од една „четворка“ во која се Никола Малешевиќ (Пелистер), Метин Саити (Чаир 2030), Виктор Златевски (Феникс 2010 и Декариус Николас (Кожув), кои имаа по 66.67% на успешност од оваа позиција.
*Урош Луковиќ (МКК Куманово) севкупно, има најдобра реализација во обидите од поле. На премиерата, високиот српски центар дојде до 83.3% пред одличниот Никола Малешевиќ (Пелистер) кој има 81.82%, додека Ленгстон Вилсон (Пелистер) и Џастин Гордон (ТФТ), се на 72.73%.

ТОП 5
Играч клуб натпревари просек
1.Виктор Ефремовски (Работнички) 1 38 38.0
2.Глен Абрам (Гостивар) 1 30 37.0
3.Виктор Златевски (Феникс 2010) 1 24 24.0
4.Кристофер Дис (Тиквеш ГИ) 1 23 23.0
5.Александар Радукиќ (МКК Куманово) 1 23 23.0
СКОКОВИ
1.Иван Волканоски (Феникс 2010) 1 12 12.0
2.Петар Бошалески (Тиквеш ГИ) 1 11 11.0
3.Амар Хот (Маџари) 1 11 11.0
4.Бојан Стојаноски (Ангели) 1 10 10.0
5.Ѓорѓи Зафиров (ТФТ) 1 10 10.0
АСИСТЕНЦИИ
1.Виктор Златевски (Феникс 2010) 1 10 10.0
2.Бобан Стајиќ (Пелистер) 1 9 9.0
3.Мухамед Тачи (Чаир 2030) 1 9 9.0
4.Карен Вилсон (Пелистер) 1 7 7.0
5.Марјан Младеновиќ (Гостивар) 1 7 7.0
ЗАГУБЕНИ ТОПКИ
1.Бојан Стојановски (Работнички) 1 9 9.0
3.Мухамед Тачи (Чаир 2030) 1 7 7.0
3.Бојан Стојаноски (Ангели) 1 5 5.0
4.Стенли Дејвис (ТФТ) 1 6 6.0
5.Александар Радукиќ (МКК Куманово) 1 6 6.0
ОСВОЕНИ ТОПКИ
1.Андрија Стевановиќ (МКК Куманово) 1 6 6.0
2.Декариус Николас (Феникс 2010) 1 6 6.0
3.Лука Петровски (Чаир 2030) 1 4 4.0
4.Ватанго Донзо (Феникс 2010) 1 4 4.0
5.Кливленд Џексон (Тиквеш ГИ) 1 3 3.0
БЛОКАДИ
1.Ватанго Донзо (Феникс 2010) 1 6 6.0
2.Ленгстон Вилсон (Пелистер) 1 3 3.0
3.Кенан Карахоџиќ (Гостивар) 1 2 2.0
4.Стеван Глигоријевиќ (Тиквеш ГИ) 1 2 2.0
5.Дамјан Крстевски (Пелистер) 1 2 2.0
МИНУТИ
1.Мухамед Тачи (Чаир 2030) 1 40:00 40:00
2.Александар Радукиќ (МКК Куманово) 1 40:00 40:00
3.Бојан Стојановски (Работнички) 1 38:26 38:26
4.Виктор Златевски (Феникс 2010) 1 37:37 37:37
5.Родни Первис (Кожув) 1 37:18 37:18
ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА - ЗА ЕДЕН ПОЕН
1.Лук Андерсон (Тиквеш ГИ) 1 100%
2.Максим Митевски (МКК Куманово) 100%
3.Артис Стејплтон (Маџари) 1 100%
4.Александар Радукиќ (МКК Куманово) 100%
5.Андреј Настовски (Ангели) 1 100%
ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА - ЗА ДВА ПОЕНИ
1.Ленгстон Вилсон (Пелистер) 1 100%
2.Никола Малешевиќ (Пелистер) 1 87.6%
3.Урош Луковиќ (МКК Куманово) 1 83.3%
4.Страхил Николов (ТФТ) 1 75.0%
5.Виктор Ефремовски (Работнички) 1 75.0%
ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА - ЗА ТРИ ПОЕНИ
1.Џастин Гордон (ТФТ) 1 75.00%
2.Никола Малешевиќ (Пелистер) 1 66.67%
3.Метин Саити (Чаир 2030) 66.67%
4.Виктор Златевски (Феникс 2010) 1 66.67%
5.Декариус Николас (Кожув) 1 66.67%
ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА ОД ПОЛЕ – ВКУПНО
1.Урош Луковиќ (МКК Куманово) 1 83.33%
2.Никола Малешевиќ (Пелистер) 1 81.82%
3.Ленгстон Вилсон (Пелистер) 1 72.73%
4.Џастин Гордон (ТФТ) 1 72.73%
5.Виктор Златевски (Феникс 2010) 66.67%