26.10.2025

Откако на полувремето имаа плус 22, во победата против Ангели (109:67), учествуваше и комплетната резервна петорка на МКК Куманово

„МТЕЛ“ СУПЕР ЛИГА-МАЖИ: Докузовски им даде шанса и на „резервистите“, ја искористија!

Ангели не беа пречка за МКК Куманово. Не се доволно конкурентни за квалитетите кои ги има во редовите на „сино-белите“, потврдено со повеќе од убедливата победа на екипата која е ко-лидер на табелата и по четири одиграни кола во МТЕЛ Супер лигата.

МКК КУМАНОВО – АНГЕЛИ 109:67

Почетното водство, од 18.поени (29:11), кои го постигнаа во период од десет минути, му овозможи на тренерот Марин Докузовски веќе во вториот период да им даде „одмор“ на поголем дел од стартерите во неговата играчка концепција. Па фановите на МКК Куманово можеа да се „запознаат“ и со некои други играчи, како на пример Драшко Кнежевиќ, кој за кратко време во игра реализираше 11.поени (сите во втората четвртина), на што се надоврзаа и Георгиевски (осум реализации) и искусниот Јанески (шест)

Претходно, во тој прв период, „во рок“ од осум минути Стевановиќ веќе имаше 13.поени и беше вистински носител на играта на „сино-белите“, кои на пауза имаа големи (59:27).

Во продолжението, би се рекло, рутинерско одработување на работите за МКК Куманово кој го задржа стартниот стонастотен ефект, четири победи во исто толку мечеви.

Но, иако не играше многу (нецели 17.минути, Луковиќ односно заврши како најдобра стрелец, со 19.поени, еден помалку даде Стевановиќ. А во домашната екипа двоен број на поени имаа и Кнежевиќ, кој заврши со 14, Јанески, кој имаше 13, а Георгиевски и Митевски запишаа по 11.

Во гостинската, Атанасов заврши со 12.реализирани поени, додека Ибраими и Богатиновски имаа по десет.