Полесно од очекувањата, кошаркарите на Пелистер дојдоа до првата суперлигашка победа. Полесно од причина што, во мечот кој требаше да биде насловен и како дерби на првиот круг, пред себе имаа екипа составена од девет играчи, најголем дел до нив од младинската селекција наа Работнички.
Тим кој парираше колку што можеше против фаворитот, го прикажа тоа во неколку наврати, но на крајот пресудија и поголемиот број на играчи, но и квалитетот кој со себе го носи екипата од Битола, а го презентираше во СРЦ „Кале“.
РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР 75:115
Пелистер брзо поведе со (13:6), по нешто помалку од пет минути од играта. Работата им беше доста олеснета на битолчани ако се земе в предвид дека нивниот противник запиша само девет играчи во пријавната листа за овој натпревар, од нив само Виктор Ефремовски како еден од оние проектирани стартери, па првите 40.минути во новата сезона, најтрофејниот во оваа конкуренција мораше да ги одигра скоро со младински тим.
Се „виде“ односот на квалитетот уште во првите десет минути во кои „пелистерци“ направија голема позитива (27:13).
Водени од своите навивачи кои во меѓувреме пристигнаа во СРЦ „Кале“, , домашните вратија добар дел од негативата на почетокот на втората четврртина, период во кој имаа само едноцифрено заостанување (24:32). Момент од 13.минута, дел од играта во кој нивниот предводник на теренот, Ефремовски веќе 17.поени на своето конто.
Нешто потоа, по 22. поен на репрезентативниот шутер, Работнички имаше уште помало заостанување (34:41).
Сепак, по 20.минути , Пелистер имаше плус 12 (52:40).

По три и пол минути игра во третиот дел, гостите од Битола одново се одвоија, сега на најубедливата предност (67:49), доволно за тренерот на Работнички Владимир Мирковски да повика тајм-аут.
Не помогна многу, затоа што „зелено-белите“ реализираа уште седум поени во таа серија со кои дојдоа и до +25, (74:49). Дефинитивно недостижни за овој состав во кој се појави Работнички на премиерата на новата првенствена сезона во мак-баскетот.
На крајот, комплетната стартна петорка на Пелистер имаше двоен број на поени. Ја предводеше Малешевиќ, со 22.поени, Ленгстон.Вилсон даде 18, Си Џеј Вилсон и Митревски по 15, Стојановски имаше 13, Дејвис 11, а Крстевски уште 10. поени.
По одличното прво полувреме, Ефремовски застана на бројката од 38.реализирани поени, Наков додаде уште 10.
Вечерва се играат преостанатите три средби од првото коло на МТЕЛ Супер лигата.
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 1. КОЛО
Работнички – Пелистер 75:115
5. ОКТОМВРИ (НЕДЕЛА)
18.00: КОЖУВ – ТФТ
Сала „26.април“ – Гевгелија
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/Hgn94lpOS_8?si=b4wionqdpRYL9oxg
19.00: ЧАИР 2030 – МКК КУМАНОВО
Сала „Шабан Трстена“ – Скопје
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/8y5-Exy-5fQ?si=_gDxniH4BnAx__vJ
20.30: ФЕНИКС 2010 – АНГЕЛИ
Мала сала СЦ „Јане Сандански“ – Скопје
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/2bjzzaAmDgw?si=1bOr6xe4SoPaJvpg
ПОРАНО ОДИГРАНО:
МЗТ Скопје Аеродром – Маџари 77:70
Гостивар – Тиквеш Голден Игл 67:81