Во турбо распоредот на екипата на Пелистер, вечерва беше и дуелот од 4. коло од МТЕЛ Супер лигата во кој за противник, во Битола, го имаа составот на Феникс 2010.
Во само пет дена, „пелистерци“ го одиграа и третиот натпревар, втор првенствен, во кој ја продолжија победничката низа…
ПЕЛИСТЕР – ФЕНИКС 2010 89:68
Имаа комплетна контрола над играта и на резултатот домашните кошаркари. Полека, но сигурно го уриваа отпорот на младата гостинска екипа.
На првата „мала пауза“ заминаа со плус 6 (23:17), која до онаа големата, односно на полувремето, „пелистерци“ ја зголемија на уште повисоки, двоцифрени (46:35).
Двоецот со презиме Вилсон, реализираше по десет поени во таа прва фаза од натпреварот во салата „Боро Чурлевски“.

Практично во исто темпо се развиваа настаните и во второто полувреме. Како одминуваа минутите, така растеше и предноста за „пелистерци“.
По три четвртини, изнесуваше точно 20.поени (70:50).
Како некој „новитет“ во играта на домашната екипа беше тоа што освен двоецот Вилсон, како „двоцифрени“ се впишаа Крстевски и Прајс (во три периоди од играта имаа по 14.поени), и Митревски (броеше до 11).
Во екипата на Феникс 2010, која сега е на ефект (1-3), Златевски реализираше 16.поени, Рахама имаше уште 13.
Минута молк - кошаркарска Битола му оддаде посебна почит на Зоран Петковски
На почетокот на оваа средба, со минута молк, му беше одадена посебна почит на Зоран Петковски, еден од најдобрите кошаркари кои ги имаше кошаркарска Битола, кој почина вчера, на 47 годишна возраст.
„МТЕЛ“ СУПЕР ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 4.КОЛО
Пелистер – Феникс 2010 89:68
Кожув – Работнички 81:86
МКК Куманово – Ангели 109:67
ТФТ – Маџари 79:76
Тиквеш Голден Игл – Чаир 2030 92:83
27.ОКТОМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК)
18.00: Гостивар – МЗТ Скопје Аеродром
Сала „Младост – Гостивар
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/1JOFPSYHYno?si=txtHsQt7ayJu5V89
ТАБЕЛА
1. Пелистер 4 4 0 308:217 +91 8
2. МКК Куманово 4 4 0 375:298 +77 8
3. ТФТ 4 4 0 331:282 +49 8
4. МЗТ Скопје А. (-1) 3 3 0 246:201 +45 6
5. Тиквеш ГИ 4 2 2 330:321 +9 6
6. Кожув 4 2 2 305:315 -10 6
7. Работнички 4 2 2 323:366 -43 6
8. Феникс 2010 4 1 3 304:341 -37 5
9. Гостивар (-1) 3 1 2 230:240 -10 4
10. Маџари 4 0 4 222:238 -16 4
11. Чаир 2030 4 0 4 295:344 -49 4
12. Ангели 4 0 4 270:357 -87 4