25.10.2025

По екстра период од пет минути. екипата од Кавадарци го победи тимот од Чаир, (92:83)

„МТЕЛ“ СУПЕР ЛИГА-МАЖИ: Продолжение во „Јасмин“, со победнички крај за Тиквеш Голден Игл

ФОТО: Томе Арсов (Галактикос продукција)

Екипите на Тиквеш Голден Игл и Чаир 2030 требаше да одиграат дополнителни пет минути за да одлучат која од нив е подобра во овој момент.

По нерешениот скор во регуларниот дел (76:76), победата ја однесоа кошаркарите од Кавадарци, за нив втора во четири одиграни кола.

ТИКВЕШ ГОЛДЕН ИГЛ – ЧАИР 2030 92:83

Минимално водство имаа кавадарчани по 20.одиграни минути о првото полувреме.

Период од играта во кој Тиквеше Голдне Игл имаше подобри моменти во првата четвртина, која ја реши во своја корист со (19:15), додека гостите од Скопје покажаа дека се дојдени во Кавадарци и да победат, во втората.

Домашната екипа имаше доста добра распределба на поените, во која стартерите реализираа дури 35, од оние 40.поени кои ги имаа на полувремето.

На другата страна, Бетсон и Тачи искомбинираа 22, од 35. поени за гостинската екипа.

ФОТО: Томе Арсов (Галактикос продукција)

Имаа кавадарчани и двоцифрена предност (55:44) во средината на третата четвртина. Но гостите од Скопје успеаја да симнат добар дел од негативата, и последните десет минути да ги дочекаат со само три поени заостанување (54:57).

Уште еднаш, по поентирањето на Глигоријевиќ, домашната екипа се одвои на солидни (70:64), по 35.минути од играта. Но не успеаја тој моментум на добра игра да го претворат и во нешто повисоко водство.

Напротив, чаирчани се вратија уште еднаш, овој пат за да го однесат натпреваррот во продолжение од пет минути.

Дојдоа до егал (76:76), но не и нешто повеќе од тоа.

Во оние дополнителни пет минути кавадаречкиот суперлигаш не дозволи ново „враќање“ на гостите, па дојде до планираната цел – победата.

Го предводеше Андерсон, стрелец на 25.поени на кои додаде и 12. скока и 4.асистенции. Бошалески и Дис го следеа со по 17.поени, со забелешка дека младиот репрезентативец имаше и по три скока и асистенции, додека Џексон заврши со 16.поени, но и високи осум успешни додавања и четири скока.

Во гостинската екипа, прв стрелец беше Билингсли, кој постигна 23.поени, имаше и 11.скока, По еден поен помалку дадоа Тачи и Бетсон, додека двоен број на реализации – 12, плус и 11. скока, дојдоа од Четмен.

„МТЕЛ“ СУПЕР ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 4.КОЛО

Тиквеш Голден Игл – Чаир 2030 92:83

26.ОКТОМВРИ (НЕДЕЛА)

17.00: ТФТ – Маџари

18.00: Кожув – Работнички (МРТ3)

18.00: МКК Куманово – Ангели

19.30: Пелистер – Феникс 2010

27.ОКТОМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК)

18.00: Гостивар – МЗТ Скопје Аеродром

ТАБЕЛА

1. Пелистер 3 3 0 219:149 +70 6

2. ТФТ 3 3 0 252:206 +46 6

3. МЗТ Скопје А. 3 3 0 246:201 +45 6

4. МКК Куманово 3 3 0 266:231 +35 6

5. Тиквеш ГИ 4 2 2 330:321 +9 6

6. Кожув 3 2 1 224:229 -5 5

7. Гостивар 3 1 2 230:240 -10 4

8. Феникс 2010 3 1 2 236:252 -16 4

9. Работнички 3 1 2 237:285 -48 4

10. Чаир 2030 4 0 4 295:344 -49 4

11. Маџари 3 0 3 146:159 -13 3

12. Ангели 3 0 3 203:248 -45 2