26.10.2025

Иако во текот на првиот дел заостануваа и 13 поени, „црвено-белите“ стигнаа до гостинска победа (86:81) против Кожув

„МТЕЛ“ СУПЕР ЛИГА-МАЖИ: Работнички направи „брејк“ во Гевгелија, „спои“ две победи

Малку поинаков Работнички гледа македонската јавност, особено откако „црвено-белиот“ тим доби на комплетност, и на конкуретност, секако...

Вечерва, избраниците на тренерот Владимир Мирковски анулираа минус од 13 поени, и со подобра игра во второто полувреме дојдоа до втора победа во суперлигашката конкуренција.

КОЖУВ – РАБОТНИЧКИ 81:86

Иако водеа на полувремето, (44:40), кошаркарите на Кожув никако не можеа да бидат задоволни со таков исход по тие одиграни 20.минути.

Пред се затоа што во најголем дел од мечот, имаа и поголема предност во однос на последната.

На истекот на првите десет водеа со (24:18). Во текот на втората, предводени до расположениот Николас, и помошта која дојде од Пурвис, имаа и уште поголеми (36:23). Во 17.минута од играта, имаа слични (42:31), но во последните три, гостите од Скопје успеаја да фатат резултатски приклучок, Со серијата од (9-2) во последните три минути дојдоа на минус од само четири поени, (40:44).

Уште потешко на гевгеличани им паѓа поразот, ако се земе в предвид дека „држеа“ двоцифрена предност и во текот на третата четвртина, по која во онаа последната влегоа со резултат (69:61).

Но последната е како по некое непишано правил, најчесто и решавачка, а тука до израз дојде искуството кое со себе го имаат неколку играчи во „црвено-бела“ комбинација на опремата.

Прво, за непочни четири минути, гостите ја анулираа таа висока негатива (72:72). а потоа ја продолжија серијата по која дојдоа до своја, не баш мала предност (80:73), кога до крајот останаа уште две и пол минути.

Домашните кошаркари некако успеаја да се вратат во оној „колосек“ во кој беа во скоро три четвртини. По тројката на Бојчев, намалија на поен негатива, (81:82). Но во оние 31 секунда кои останаа до крајот, Алстон погоди од линијата за слободни фрлања, зголеми на (84:81), а Колев, а потоа и Пурвис не донесоа нова радост во салата „26.април“, како што беше случајот во претходното коло.

Томпсон постигна 23.поени (имаше и седум асистенции), Ефремовски стандардно ефикасен, со 20.поени (5/10 во шутот за три поени), додека Хатсон заврши со двоен скор од 17.поени и 10.скока.

Во домашната екипа, која е на скор (2-2) исто како и нивниот вечерашен ривал, Николас застана на 26.поени (седум скока и пет асистенции), Пурвис имаше 20, а Дубински 17.поени (5/11 за три поени).