05.10.2025

Во последниот натпревар од првото коло од МТЕЛ Супер лигата, екипата на Феникс 2010 подобра од Ангели (79:62)

МТЕЛ СУПЕР ЛИГА-МАЖИ: Суперлигашки првенец за Феникс 2010

Во последниот натпревар од првото коло од МТЕЛ Супер лигата, екипата на Феникс 2010 стигна до првата победа во сезоната. На домашен терен, во СЦ „Јане Сандански“, беше подобра од повратникот во суперлигашката конкуренција, екипата на Ангели. 

ФЕНИКС 2010 – АНГЕЛИ 79:62

Многу подобро го почнаа овој прв меч во новата натпреварувачка сезона кошаркарите на Феникс 2010. Многу брзо се стекнаа со солидна предност, која на крајот на првата четвртина изнесуваше девет поени (21:12).

Златевски и Донзо, двајцата новаци во тимот на тренерот Денис Дервишевиќ, ја диктираа играта во нападот на Феникс 2010 во првиот дел од играта во кој имаа „вишок“ и од 13 поени (31:18), како што гласеше резултатот по нецели 16.минути од играта. Во оние четири до крајот на првото полувреме, Феникс 2010 го зголеми водството на (45:27).

Вкупно 26 од тие 45. комбинирано постигнаа Златевски (12 плус и 7 асистенции) и Донзо (14).

Гостите почнаа многу подобро по оној задолжителен одмор од 15.минути. До средина на третата четвртина намалија добар дел од негативата која ја имааа по 20.минути од играта.

Предводени од некогашниот играч на Феникс 2010, Богатиновски (веќе имаше 13.поени), намали тимот на тренерот Игор Гацов на едноцифрен минус (39:48) во средината на тој дел. Но Златевски не мислеше да застане, со шест поени во серија, ја врати високата позитива на страна на домашниот тим (54:39). 

До крајот на третиот период, Феникс 2010 имаше уште повисоки (62:45).

Во оној последниот, домаќините успеваа да го одржат тоа високо водство. Покрај двоецот Златевски-Донзо, до двоцифрен број на реализации дојдоа уште две нови имиња во ростерот на Феникс 2010, Рахама, односно Ниах (дадоа вкупно 23.поени).

На крајот, на Виктор Златевски му недостасуваа само уште четири скока, за да има трипл-дабл ефект. Бекот на Феникс 2010 реализираше 24.поени на кои додаде и 10.асистенции и шест скока во овој премиерен меч во новата сезона. Богатиновски запре на 15. поени, Атанасов имаште уште 12. во гостинската екипа. 

МТЕЛ СУПЕР ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 1. КОЛО

Феникс 2010 – Ангели 79:62

Чаир 2030 – МКК Куманово 74:85

Кожув – ТФТ 79:87

Работнички – Пелистер 75:105

МЗТ Скопје Аеродром – Маџари 77:70

Гостивар – Тиквеш Голден Игл 67:81

ИДНО 2. КОЛО (11.10)

Тиквеш Голден Игл – Кожув

Ангели – Гостивар

МКК Куманово – Маџари

ТФТ – Работнички

МЗТ Скопје Аеродром – Феникс 2010

Пелистер – Чаир 2030