26.10.2025

Маџари повторно имаше одлични моменти, но ТФТ се одбрани и стигна до четвртиот триумф (79:76) во сезоната

„МТЕЛ“ СУПЕР ЛИГА-МАЖИ: ТФТ на „домашен погон“ до пресврт и победа против одличниот Маџари

Во натппревар исполнет со доста промени во резултатот, на двете страни, кошаркарите на ТФТ направија комплетен пресврт во третиот период, се одбранија од нападите на Маџари во последниот и го задржаа стонастотниот ефект по четири одиграни кола во МТЕЛ Супер лигата.

ТФТ – МАЏАРИ 79:76

Гостите од Маџари беа подобар ривал во првото полувреме. Впрочем се стекнаа со сосема солидно водство по 20.минути од играта.

Го најавија тоа уште на самиот почеток на дуелот во СРЦ „Кале“, го добија првиот период со (22:20), но и продолжија во исто така добар ритам, пред се во фазата на нападот.

Тоа и им донесе резултат на избраниците на тренерот Миодраг Тодоровиќ. Имаа вишок од осум поени (41:33).

Третиот дел од мечот беше и најдобриот за домашните кошаркари, кои претходно имаа сериозни проблеми со реализацијата.

Но на домашен погон, односно водени од добрите моменти кои ги имаа Зафиров, Николов и Ташовски, ТФТ успеа да се врати.

Дури и да поведе (48:46) по поентирањето на Зафиров, момент забележан во 26.минута. Имаа домаќините и повисоки (53:49), за таа трета четвртина да заврши со нешто пониски, односно минимални (54:53), но во корист на гостите од Маџари, кои поврзаа пет поени.

Во онаа последната, поведоа и со (60:56), потоа имаа и (64:61), во 34.минута.

Сепак, Стејплтон донесе ново изедначување (66:66) и остави 3:45 минути за конечен епилог.

Во нив, ТФТ одново се одвои, сега на наизглед недостижни (75:70) со оглед на тоа дека останаа само 52 секунди за играње.

Но упорните гости не се предадоа, намалија на (74:75), и влегоа во „пенал-завршшница“.

Во неа. Говенс ги реализираше двете слободни фрлања за (77:74), а во оние пет секунди кои им останаа на гостите, по тајм-аутот на Тодоровиќ, и Грин беше „мирен“ од истата позиција за (76:77). Серијата ја продолжи Ташовски, за (79:76), а Грин не успеа да го однесе овој возбудлив натпревар, во дополнителни пет минути.

Токму Ташовски, со 19. поени, беше прв стрелец во победничката екипа, во која Говенс додаде 13, Зафиров имаше 12, а Николов уште 10.поени.

Во гостинската, која е на скор (0-4), дури петмина кошаркари имаа десет и повеќе реализации. Лафајет заврши со 17, Стејплтон имаше еден помалку, Хот дојде до дабл-дабл од 11.поени и 10.скока, додека петкоски и најискусниот ви нивниот тим, Димчевски, забележаа по десет.