Во Гевгелија доста изедначен натпревар, и победа на екипата на ТФТ до која гостите од Скопје дојдоа со подобра игра во второто полувреме и благодарение на поснаодливата завршница и моменти во финалната минута од играта.
КОЖУВ – ТФТ 79:87
Изедначено прво полувреме одиграа Кожув и ТФТ на премиерата наа новата сезона во МТЕЛ Супер лигата, за што говори и резултатот, кој по 10.минути од играта беше во рамките на егалот (45:45).
Навистина во поголем дел од полувремеото, гостите дд Скопје имаа скоро постојано впдство, но како по некое правило, домаќините наоѓааа решенија да не биде и повисоко. Дури во неколку моменти се изборија и за минимална предност.
ТФТ ја доби првата четввртина со (22:18), но Кожув возрати во втората, доволно се да биде во рамките на нерешеното. По шест минути игра, ТФТ поведе со (17:10), нешто потоа и (20:14), што се покажа и како најголема позитива во тој дел од играта во салата „26.април“.
Слично беше и во втората четвртина, По забивањето на Гордон, „црно-белите“ одново се одвоија, сега на (32:25), а веќе во следниот напад, истиот играч донесе повисоки (34:26).
Но вратија Симиќ и Колев, за намалување на само половина поен (34:35). А кога „се вклучи“ и американскиот двоец Первис-Николас, Кожув дури и поведе, со (44:41), ама до крајот на полувремето ТФТ успеа да ја анулира таа негатива, па двете екипи со подеднакви шаанси го дочекаа она второ полувреме на средбата во Гевгелија.
Во третата четвртина, доминација на гостинската екипа. Во рок од неполни четири минути, ТФТ дојде до плус од десет поени (60:50), а нешто потоа, во 26.минута, тимот на тренерот Боро Смилковски имаше и повисоко водство (65:51).
Идентична, односно за поен повисока, беше предноста на ТФТ и во последната минута од тој трет и најдобар, за нив, период од играта на гостувањето во Гевгелија, (69:54).
Но имаше да се игра уште цела една четвртина, онаа последната, која Кожув ја почна одлично. Отворија гевгеличани серија од (11-2), со која се доближија, и тоа сериозно, на само три поени негатива, (68:71). Ја прекина, со тројка, репрезентативниот бек на ТФТ, Виктор Ташовски, за нешто посигурни (74:68). Но само за кратко затоа што на нешто повеќе од две минути пред крајот, Кожув изедначи на (76:76).
А по тројката на капитенот Колев, и поведе (79:78). Но и тоа беше со краток рок, затоа што веднаш, со иста мерка, врати Василевскки (81:79). По грешката, токму на Колев, од линијата за слободни фрлања казни Ташовски за стартна победа на екипата од Тафталиџе.
Ја креираа, Гордон, кој застана на ефект од 22.поени и 7.скока, Зафиров, кој имаше двоен ефект, изразен со реализација на 13.поени и 10.скока. Николов кој даде 12, и Ташовски и Василевски имаа по 11. На другата страна од теренот, Первис забележа 21.поен кај Кожув, Николас имаше 19, а Колев уште 16. поени.
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 1. КОЛО
КОЖУВ – ТФТ 79:87
5. ОКТОМВРИ (НЕДЕЛА)
ЧАИР 2030 – МКК КУМАНОВО (во тек)
20.30: ФЕНИКС 2010 – АНГЕЛИ
Мала сала СЦ „Јане Сандански“ – Скопје
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/2bjzzaAmDgw?si=1bOr6xe4SoPaJvpg
ПОРАНО ОДИГРАНО:
Работнички – Пелистер 75:105
МЗТ Скопје Аеродром – Маџари 77:70
Гостивар – Тиквеш Голден Игл 67:81