23.09.2025

Натпреварите во јуниорска конкуренција од машкиот младински сегмент стартуваат на 4. октомври

Натпреварувачки групи, систем за натпреварување, распоред на натпревари во „Адастра“ М18-лига-мажи за сезона 2025/2026

По доставениот список од канцеларијата на КФСМ за регистрација на своите кошаркари во оваа категорија пријавени се вкупно 21. екипа и истите ќе бида поделени согласно ранкингот од сезона 2024/2025, и регионално во првиот дел од сезоната, додека во вториот, ќе се формираат единствена Прва и две Втори лиги, согласно пласманот и регионалната поделба.

СИСТЕМ ЗА НАТПРЕВАРУВАЊЕ

Прв дел

Натпреварите од првиот дел ќе се играат во три групи, поделени регионално, по принципот „дома – гости“. По завршување на првиот дел, првите две екипи од секоја група и најдобрите две третопласирани екипи, се квалификуваат во Прва лига М18-мажи за сезоната 20252026

Во Прва лига М18 ќе играат најдобрите осум екипи, додека сите останати екипи ќе ги формираат двете втори лиги во машката М18 конкуренција, поделени на „Исток“ и на „Запад“.

Лигата ќе биде составена од осум екипи, земајќи го во предвид пласманот на екипите од првиот дел од натпреварувачка сезона во категоријата (М-18) за 2024/2025 година.

Натпреварите ќе се одиграат по двокружен бод систем, секој со секого, односно 14. кола. По одигрување на 14. кола, осумте екипи од Првата лига ќе разигрувааат во осминафинална фаза со осумте најдобро пласирани екипи од Втората лига по одигрувањето на натпреварите во групите.

Ќе се формира нова група од 16.екипи кои ќе се натпреваруваат во осминафиналето, а двојките во оваа фаза ќе бидат формирани по следниот редослед:

РАЗИГРУВАЊЕ (ОСМИНАФИНАЛЕ):

Прв натпревар:

1 нат: 16 – 1

2 нат: 15 – 2

3 нат: 14 – 3

4 нат: 13 – 4

5 нат: 12 – 5

6 нат: 11 – 6

7 нат: 10 – 7

8 нат: 9 – 8

Втор натпревар:

1 нат: 1 – 16

2 нат: 2 – 15

3 нат: 3 – 14

4 нат: 4 – 13

5 нат: 5 – 12

6 нат: 6 – 11

7 нат: 7 – 10

8 нат: 8 – 9

* Ќе се играат два натпревари во кои подобриот кош-количник од двата натпревари ќе го одлучи патникот во четвртфинална фаза.

Првиот натпревар се игра на теренот на послабопласираната екипа од првиот дел.

По завршувањето на осминафиналето, се формираат четвртфиналните двојки по следниот редослед:

РАЗИГРУВАЊЕ (ЧЕТВРТФИНАЛЕ):

1 нат: 1 – 8

2 нат: 2 – 7

3 нат: 3 – 6

4 нат: 4 – 5

Четвртфиналето се игра во два добиени натпревари по систем домаќин–гостин-домаќин, при што првоименуваната екипа е домаќин на првиот натпревар.

Победниците од четвртфиналните натпревари се пласираат на финалниот турнир, и ќе разигруваат за државен првак за натпреварувачка сезона 2025/2026.

ФИНАЛЕН ТУРНИР

ПОЛУФИНАЛЕ:

ПФ - 1: Победник од натпревар 1 со Победник од натпревар 4,

ПФ - 2: Победник од натпревар 2 со Победник од натпревар 3,

* Поразените екипи ќе одиграат натпревар за трето место.

* Победниците од натпреварите ќе го одиграат финалниот натпревар за државен првак за натпреварувачка сезона 2025/2026.

Местото за одигрување на натпреварите од финалниот турнир, ќе биде дополнително одредено, по добивање на понуди на екипите учесници, или организацијата на турнирот ќе ја преземе федерацијата

КАЛЕНДАР НА НАТПРЕВАРУВАЊЕ

Во М18 лигата-мажи има вкупно 21. пријавени екипи кои се поделени во три натпреварувачки групи.

Стартот на сезоната во оваа лига е предвиден за 4. октомври. Првиот дел ќе заврши на 17. јануари, 2026 година, а вториот, заклучно до 2.мај, 2026 година. 

Според календарот, на 9. мај стартуваат осминафиналните мечеви. А на 23, 27, евентуално на 30. мај ќе се разигрува во четвртфиналето. Финалниот турнир е закажан за 6. и 7. јуни, 2026 година.

ВТОРА ЛИГА

Лигата ќе биде поделена во две групи (Исток и Запад) и истите ќе бидат составени од исток (седум екипи) и запад (шест екипи), земајќи го во предвид територијалниот принцип, пласманот на екипите од првиот дел од натпреварувачка сезона во М18 лигата за натпреварувачката сезона 2025/2026.

Натпреварите ќе се одиграат по двокружен бод систем, секој со секого, односно, по 12.кола во двете групи, „Исток“ и „Запад“.

По одигрување на натпреварите од првата фаза и добивањето на конечниот пласман, вкупно осум екипи од втората лига (првопласираните четири екипи од исток и запад), се пласираат во понатамошното натпреварување кое продолжува во осминафинална фаза, со осумте најдобро пласирани екипи од Првата лига.

НАТПРЕВАРУВАЧКИ ГРУПИ И РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ

ГРУПА 1: Вардар, Феникс 2010, Тетекс ТТК, ТФТ, Гостивар 2, Ангели, Универзитет Тетово;

Распоред на натпревари-М18-мажи група 1

ГРУПА 2: Водно Санс, Вибас, Мега баскет, Чаир, Пелистер, Црн Дрим, ГКК Охрид

Распоред на натпревари-М18-мажи група 2

ГРУПА 3: Работнички 2018, МКК Куманово, Спортисимо, Винеам, МЗТ Скопје Аеродром, Борец баскет, Струмица

Распоред на натпревари-М18-мажи група 3