23.09.2025

Натпреварите во младинска конкуренција од машкиот младински сегмент стартуваат на 11. октомври

Натпреварувачки групи, систем за натпреварување, распоред на натпревари во „Адастра“ М20-лига-мажи за сезона 2025/2026

По доставениот список од канцеларијата на КФСМ за регистрација на своите кошаркари во оваа категорија пријавени се вкупно 11. екипи и истите ќе бидат поставени во една наттпреварувачка група.

СИСТЕМ ЗА НАТПРЕВАРУВАЊЕ

Лигата ќе биде составена од 11.екипи, земајќи го во предвид редоследното пријавување на екипите пред почетокот на натпреварувачката сезона 2025/2026.

Натпреварите ќе се играат по двокружен, бод систем, секој со секого, односно 22 кола.

По завршувањето на основниот дел од 22. натпревари, се формираат четвртфинални двојки, по следниот редослед:

РАЗИГРУВАЊЕ (ЧЕТВРТФИНАЛЕ):

1 нат: 1 – 8

2 нат: 2 – 7

3 нат: 3 – 6

4 нат: 4 – 5

Четвртфиналето се игра во два добиени натпревари по систем домаќин–гостин-домаќин, при што првоименуваната екипа е домаќин на првиот натпревар.

Победниците од четвртфиналните натпревари се пласираат на финалниот турнир, и ќе разигруваат за државен првак за натпреварувачка сезона 2025/2026.

ФИНАЛЕН ТУРНИР

ПОЛУФИНАЛЕ:

ПФ - 1: Победник од натпревар 1 со Победник од натпревар 4,

ПФ - 2: Победник од натпревар 2 со Победник од натпревар 3,

*Поразените екипи ќе одиграат натпревар за трето место.

*Победниците од натпреварите ќе го одиграат финалниот натпревар за државен првак за натпреварувачка сезона 2025/2026.

Местото за одигрување на натпреварите од финалниот турнир, ќе биде дополнително одредено, по добивање на понуди на екипите учесници, или организацијата на турнирот ќе ја преземе федерацијата.

КАЛЕНДАР НА НАТПРЕВАРУВАЊЕ

Во М20 лигата-мажи има вкупно 11. пријавени екипи.

Стартот на сезоната во оваа лига е предвиден за 11. октомври. Првиот дел ќе заврши на 4.април, 2026 година.

Според календарот, на 25. април стартуваат четвртфиналните мечеви, кои ќе се играат и на 2. мај, евентуално на 9.мај, 2026 година.

Финалниот турнир е закажан за 16. и 17. мај, 2026 година.

НАТПРЕВАРУВАЧКИ ГРУПИ И РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ

Кожув, МКК Куманово, Работнички 2018, Вибас, МЗТ Скопје Аеродром, Вардар, Феникс 2010, Тиквеш Голден Игл, Младинец, ТФТ, Водно Санс

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ - М20-МАЖИ