23.09.2025

Натпреварите во кадетска конкуренција од машкиот младински сегмент стартуваат на 11. октомври

Натпреварувачки групи, систем за натпреварување, распоред на натпревари во „Адастра“ М16-лига-мажи за сезона 2025/2026

По доставениот список од канцеларијата на КФСМ за регистрација на своите кошаркари во оваа категорија пријавени се вкупно 30. екипи и истите ќе бидат поделени согласно ранкингот од сезона 2024/2025, и регионално во првиот дел од сезоната, додека во вториот, ќе се формираат единствена Прва и три Втори лиги, согласно пласманот и регионалната поделба.

СИСТЕМ ЗА НАТПРЕВАРУВАЊЕ

Прв дел

Во Прва лига М16 ќе играат најдобрите осум екипи, додека сите останати екипи ќе ги формираат три втори лиги во машката М16 конкуренција, поделени на „Исток“ и на „Запад“ и „Скопје“.

Лигата ќе биде составена од осум екипи, земајќи го во предвид пласманот на екипите од првиот дел од натпреварувачка сезона во категоријата (М-16) за 2024/2025 година.

Натпреварите ќе се одиграат по двокружен бод систем, секој со секого, односно 14. кола.

По одигрување на 14. кола, осумте екипи од Првата лига ќе разигрувааат во осминафинална фаза со осумте најдобро пласирани екипи од Втората лига по одигрувањето на натпреварите во групите.

Ќе се формира нова група од 16.екипи кои ќе се натпреваруваат во осминафиналето А двојките во оваа фаза ќе бидат формирани по следниот редослед:

РАЗИГРУВАЊЕ (ОСМИНАФИНАЛЕ):

Прв натпревар:

1 нат: 16 – 1

2 нат: 15 – 2

3 нат: 14 – 3

4 нат: 13 – 4

5 нат: 12 – 5

6 нат: 11 – 6

7 нат: 10 – 7

8 нат: 9 – 8

Втор натпревар:

1 нат: 1 – 16

2 нат: 2 – 15

3 нат: 3 – 14

4 нат: 4 – 13

5 нат: 5 – 12

6 нат: 6 – 11

7 нат: 7 – 10

8 нат: 8 – 9

*Ќе се играат два натпревари во кои подобриот кош-количник од двата натпревари ќе го одлучи патникот во четвртфинална фаза.

Првиот натпревар се игра на теренот на послабопласираната екипа од првиот дел.

По завршувањето на осминафиналето, се формираат четвртфиналните двојки по следниот редослед:

РАЗИГРУВАЊЕ (ЧЕТВРТФИНАЛЕ):

1 нат: 1 – 8

2 нат: 2 – 7

3 нат: 3 – 6

4 нат: 4 – 5

Четвртфиналето се игра во два добиени натпревари по систем домаќин–гостин-домаќин, при што првоименуваната екипа е домаќин на првиот натпревар.

Победниците од четвртфиналните натпревари се пласираат на финалниот турнир, и ќе разигруваат за државен првак за натпреварувачка сезона 2025/2026.

ФИНАЛЕН ТУРНИР

ПОЛУФИНАЛЕ:

ПФ - 1: Победник од натпревар 1 со Победник од натпревар 4,

ПФ - 2: Победник од натпревар 2 со Победник од натпревар 3,

*Поразените екипи ќе одиграат натпревар за трето место.

*Победниците од натпреварите ќе го одиграат финалниот натпревар за државен првак за натпреварувачка сезона 2025/2026.

Местото за одигрување на натпреварите од финалниот турнир, ќе биде дополнително одредено, по добивање на понуди на екипите учесници, или организацијата на турнирот ќе ја преземе федерацијата.

КАЛЕНДАР НА НАТПРЕВАРУВАЊЕ

Во М16 лигата-мажи има вкупно 30. пријавени екипи кои се поделени во пет натпреварувачки групи.

Стартот на сезоната во оваа лига е предвиден за 11. октомври. Првиот дел ќе заврши на 13. декември, 2025 година, а вториот, заклучно со 18.април, 2026 година.

Според календарот, на 25. април стартуваат осминафиналните мечеви. А на 9, 16, евентуално на 23. мај ќе се разигрува во четвртфиналето.

Финалниот турнир е закажан за 30. и 31. мај, 2026 година.

ВТОРА ЛИГА

Лигата ќе биде поделена во три групи (ИСТОК, ЗАПАД И СКОПЈЕ) и истите ќе бидат составени од Исток (седум екипи), Запад (седум екипи), Скопје (осум екипи) земајќи го во предвид територијалниот принцип, пласманот на екипите од првиот дел од натпреварувачка сезона во М16 лигата за натпреварувачката сезона 2025/2026.

Натпреварите ќе се одиграат по двокружен бод систем, секој со секого, односно, по 14.кола во трите групи, „Исток“ и „Запад“, и „Скопје“.

По одигрување на натпреварите од првата фаза и добивањето на конечниот пласман, вкупно осум екипи од втората лига (првопласираните две екипи од Исток, Запад и Скопје), и две најдобро второпласирани, се пласираат во понатамошното натпреварување кое продолжува во осминафинална фаза, со осумте најдобро пласирани екипи од Првата лига.

НАТПРЕВАРУВАЧКИ ГРУПИ И РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ

ГРУПА 1: Водно Санс, Чаир, Кожув, МКК Вардар Струмица, Струмица Ролинг

Распоред на натпревари-М16-мажи група 1

ГРУПА 2: Вардар, МВП Скопје, Работнички АД, Љуботен. Колибри, ГКК Охрид

Распоред на натпревари-М16-мажи група 2

ГРУПА 3: ИБА Скопје, Патриот 2018, МКК Куманово, Овче Поле, Ангели, Крива Паланка

Распоред на натпревари-М16-мажи група 3

ГРУПА 4: МЗТ Скопје Аеродром, Пелистер, Борец баскет, Спортисимо, Вибас, Тиквеш

Распоред на натпревари-М16-мажи група 4

ГРУПА 5: Феникс 2010, Универзитет Тетово, Работнички 2018, ТФТ, Тетова Булс, Гостивар 2

Распоред на натпревари-М16-мажи група 5