По доставениот список од канцеларијата на КФСМ за регистрација на своите кошаркари во оваа категорија пријавени се вкупно 26. екипи и истите ќе бидат поделени согласно ранкингот од сезона 2024/2025.
СИСТЕМ ЗА НАТПРЕВАРУВАЊЕ
Прв дел
Натпреварите ќе се одиграат по двокружен бод систем, секој со секого, односно 18. кола.
По одигрување на 18. кола, првите пет најдобропа,сирани екипи од тритте групи, и најдобрата шестопласирана, ќе разигруваат во вториот дел (осминафинале).
Ќе се формира нова група од 16.екипи кои ќе се натпреваруваат во осминафиналето А двојките во оваа фаза ќе бидат формирани по следниот редослед:
РАЗИГРУВАЊЕ (ОСМИНАФИНАЛЕ):
Прв натпревар:
1 нат: 16 – 1
2 нат: 15 – 2
3 нат: 14 – 3
4 нат: 13 – 4
5 нат: 12 – 5
6 нат: 11 – 6
7 нат: 10 – 7
8 нат: 9 – 8
Втор натпревар:
1 нат: 1 – 16
2 нат: 2 – 15
3 нат: 3 – 14
4 нат: 4 – 13
5 нат: 5 – 12
6 нат: 6 – 11
7 нат: 7 – 10
8 нат: 8 – 9
*Ќе се играат два натпревари во кои подобриот кош-количник од двата натпревари ќе го одлучи патникот во четвртфинална фаза.
Првиот натпревар се игра на теренот на послабопласираната екипа од првиот дел.
По завршувањето на осминафиналето, се формираат четвртфиналните двојки по следниот редослед:
РАЗИГРУВАЊЕ (ЧЕТВРТФИНАЛЕ):
1 нат: 1 – 8
2 нат: 2 – 7
3 нат: 3 – 6
4 нат: 4 – 5
Четвртфиналето се игра во два добиени натпревари по систем домаќин–гостин-домаќин, при што првоименуваната екипа е домаќин на првиот натпревар.
Победниците од четвртфиналните натпревари се пласираат на финалниот турнир, и ќе разигруваат за државен првак за натпреварувачка сезона 2025/2026.
ФИНАЛЕН ТУРНИР
ПОЛУФИНАЛЕ:
ПФ - 1: Победник од натпревар 1 со Победник од натпревар 4,
ПФ - 2: Победник од натпревар 2 со Победник од натпревар 3,
*Поразените екипи ќе одиграат натпревар за трето место.
*Победниците од натпреварите ќе го одиграат финалниот натпревар за државен првак за натпреварувачка сезона 2025/2026.
Местото за одигрување на натпреварите од финалниот турнир, ќе биде дополнително одредено, по добивање на понуди на екипите учесници, или организацијата на турнирот ќе ја преземе федерацијата.
КАЛЕНДАР НА НАТПРЕВАРУВАЊЕ
Во М14 лигата-мажи има вкупно 26. пријавени екипи кои се поделени во три натпреварувачки групи.
Стартот на сезоната во оваа лига е предвиден за 4. октомври. Првиот дел ќе заврши на 28. март, 2026 година.
Според календарот, на 18. април стартуваат осминафиналните мечеви. А на 2, 9, евентуално на 16. мај ќе се разигрува во четвртфиналето.
Финалниот турнир е закажан за 23. и 24. мај, 2026 година.
НАТПРЕВАРУВАЧКИ ГРУПИ И РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ
ГРУПА 1: Работнички, Струмица Ролинг, АБА Струмица, ИБА Скопје, Дино баскет, Вардар, Спортисимо, Тиквеш Голден Игл, МВП Скопје
Распоред на натпревари-М14-мажи група 1
ГРУПА 2: Јуниор баскет, МЗТ Скопје Аеродром, ГКК Охрид, пелистер, Црн Дрим, Водно Санс, Колибри, Вибас
Распоред на натпревари-М14-мажи група 2
ГРУПА 3: Феникс 2010, Гостивар 2, Тим баскет, Борец баскет, Чаир, МКК Куманово, Универзитет Тетово, Љуботен, Тетекс ТТК
Распоред на натпревари-М14-мажи група 3