Новата првенствена сезона во Првата лига-жени може да почне...
На состанокот на претставниците на клубовите-учесници во двете натпреварувачки групи во женска конкуренција, беа извлечени натпреварувачките броеви со кои се формираше и распоредот на натпреварите во „Sparkasse Life“ Прва лига-жени за сезоната 2025/2026.
Клубовите во најквалитетната женска лига, ги добија следните натпреварувачки броеви:
1. Баскет Кам 2011
2. Пробаскет
3. Патриот 2016
4. Вардар
5. Спорт тим
6. Крива Паланка
7. Бадел 1862
8. МЗТ Скопје Аеродром

Согласно Бергеровиот систем за натпреварување со осум екипи-учесници, формирани се и двојките за првото првенствено коло кое стартува во втората недела на октомври:
ДВОЈКИ ПРВО КОЛО (11.ОКТОМВРИ)
МЗТ Скопје Аеродром – Баскет кам 2011
Пробаскет – Бадел 1862
Крива Паланка – Патриот 2016
Вардар – Спорт тим
Инаку, официјално, оваа натпреварувачка сезона во македонската клупска женска кошарка ќе биде отворена со одигрувањето на Суперкупот. На 28.септември во СРЦ „Кале“ ќе се сретнат шампионот, екипата на Баскет Кам, и освојувачот на Купот на Македонија, скопски Вардар.
На состанокот беа извлечени и натпреваруавчките броеви за Втората лига-жени, која во претстојната натпреварувачка сезона ќе брои седум екипи:
1. Охрид
2. Риниа
3. Гостивар
4. Струга 2009
5. /
6. Гевгелија
7. Тим Арена
8. Шкупи
Согласно Бергеровиот систем за натпреварување со осум екипи-учесници, формирани се и двојките за првото првенствено коло кое стартува во втората недела на октомври:
ДВОЈКИ ПРВО КОЛО (11.ОКТОМВРИ)
Шкупи - Охрид
Риниа - Тим Арена
Гевгелија - Гостивар
Струга 2009 - слободен