Прв натпревар, и веднаш одлични бројки за младиот бек, сега во редовите на Феникс 22010. Евидентно му одговара(ше) преселбата во клуб каде ќе добие повеќе простор, не само за креирање, туку и за поентирање.
ВИКТОР ЗЛАТЕВСКИ (ФЕНИКС 2010)
Го потврди тоа на премиерата, во победата над екипата на Ангели, на која му недостасуваа четири скока за да дојде до еден троен ефект, што дефинитивно е реткост во нашиот шампионат.
Но сепак, неговите 24.поени (4/6 за три поени, 4/6 за два и 4/5 од линијата за слободни фрлања), но и десет успешни додавања до соиграчите, шест скока, и по една освоена, односно загубена топка во 37:37 минути кои ги помина на паркетот во СЦ „Јане Сандански“.
Сето тоа доволно за индекс – 35, односно најмногу во првиот круг од натпреварите во МТЕЛ Супер лигата
ВИКТОР ЕФРЕМОВСКИ (РАБОТНИЧКИ)
Остана „сам“ во стартната петорка, откако поголем дел од неговите соиграчи за време на претсезоната, не ја добија потребната регистрација за настап на мечот против Пелистер.
Но репрезентативниот бек на „црвено-белите“ се обиде, макар и онака, индивидуално, да му се спротивстави на поквалитетниот ривал.
Пред да се повреди, и да излезе од игра, одигра скоро 35.минути. Реализираше 38.поени, најмногу во премиерното суперлигаашко коло. Погоди шест тројки (од 15.обиди), имаше и високи (6/8) во обидите за два поени, и 8/11 од линијата за слободни фрлања. Додаде и четири скока, две асистенции, по една освоена и загубена топка, за индекс - 30.
УРОШ ЛУКОВИЌ (МКК КУМАНОВО)
Заедно со Радукиќ творци на првиот триумф на кумановскиот суперлигаш во новата сезона. На гостувањето во Чаир, беше на нивото на игрите од ланската сезона.
Остана на теренот нешто повеќе од 21. минута, притоа забележа 21.поен (10/12 во обидите за два и 1/3 за еден поен), со дополнителни девет скока, три асистенции, но и по една блокада, и една загубена топка за 29 индексни поени.
НИКОЛА МАЛЕШЕВИЌ (ПЕЛИСТЕР)
„Пелистерци“ стигнаа до релативно лесен триумф во првиот меч од сезоната против изменетиот состав на Работнички. А Никола Малешевиќ со својот индивидуален ефект за малку се издигна над оној колективен распоред на обврските кој го постави тренерот Борче Даскаловски.
Статистички гледано, како стартер, одигра неполни 24.минути, период во кој реализираше 22.поени (2/3 во шутот за три поени, 7/8 за два поени и 2/2 за еден поен), плус четири асистенции, три скока, една освоена, една загубена топка, сето тоа за високи 28 индексни поени.
ЃОРЃИ ЗАФИРОВ (ТФТ)
Некакво доста „тивко“ дојде до двоен ефект на гостувањето во Гевгелија кааде ТФТ извојува особено важен триумф на средбата со Кожув.
Одигра 32:27 минути, втора најголема „минутажа“ во тимот (зад онаа на Гордон), во кои запиша 15. поени (2/4 во обидите за три поени, 4/5 за два и 1/1 од „пеналите“). Но освен тоа, иако „по вокација“ важи за бек, собра и десет скока (три офанзивни), имаше и три додавања, и една освоена топка, сето тоа за индекс 26. И место во првата петорка на првоот коло во МТЕЛ Спуер лигата.
ПРВА ПЕТОРКА
Виктор Златевски (Феникс 2010)
Виктор Ефремовски (Работнички)
Урош Луковиќ (МКК Куманово)
Никола Малешевиќ (Пелистер)
Ѓорѓи Зафиров (ТФТ)
ВТОРА ПЕТОРКА
Декариус Николас (Кожув)
Ватанго Донзо (Феникс 2010)
Ленгстон Вилсон (Пелистер)
Јастин Гордон (ТФТ)
Александар Радукиќ (МКК Куманово)
*Петорките се формираат според бројот на индексни поени