Двата наши претставници со свои амбиции во регионалното натпреварување
Денеска, со одигрувањето на два натпревари од првото коло, и официјално стартуваат возбудувањата во АБА 2 лигата, регионално натпреварување во кое Македонија ќе има два свои претставници.
Актуелниот шампион, екипата на МЗТ Скопје Аеродром, и ланскиот финалист на плеј-офот, екипата на ТФТ од Скопје.

СИСТЕМ ЗА НАТПРЕВАРУВАЊЕ
Оваа сезона, АБА 2 лигата ќе брои вкупно 16. екипи-учесници, групирани во четири натпреварувачки групи, според моменталниот квалитет, и секоја од групите претставува балансиран микс на противници за секоја екипа.
Секоја од овие 16. екипи, кои испратија пријава за учество, ќе одигра по осум натпревари во првата фаза од лигата.
*По две со тим од својата натпреварувачка група.
*По два натпревари со тимови од трите други натпреварувачки групи.
Секоја екипа ќе одигра вкупно осум натпревари, по четири на домашен и четири на гостински терен.
*Екипите од иста земја, не може да играат една против друга во регуларниот дел од сезоната, со исклучок на можноста доколку има четири клуба од иста земја.
Плеј-офот ќе се игра со учество на осумте најдобри екипи од регуларниот дел од сезоната, по оној стандарден систем, четвртфинале, полуфинале и финале. Во сите три нивоа ќе се игра според принципот „подобар во три натпревари“, со предност на домашен терен за екипите кои имаат подобар скор во првата, групна фаза од лигата.

КАЛЕНДАР ЗА НАТПРЕВАРУВАЊЕ
Сите натпревари во регуларниот дел од сезоната во кој се вклучени осум натпреварувачки кола, ќе се играат во вторник, односно во среда, се со цел да нема посериозни поместувања во календарот на националните шампионати.
Почетокот на новата сезона е предвиден за 7. октомври, за кога се закажани два натпревари. Еден е во Скопје, од 20.часот, во кој МЗТ Скопје Аеродром ја дочекува екипата на Вршаац од Србија, во вториот ќе играат Подгорица и Борац Бања Лука.
Првиот натпревар на екипата на ТФТ е закажан за 13.октомври, кога во Загреб, ќе му гостувааат на поранешниот европски шампион, екипата на Цибона.
Регуларниот дел од сезоната во АБА 2 конкуренцијата ќе се игра до 5. март.
Од 17. март стартуваат четвртфиналните серии од плеј-офот. ќе се играат и на 24/25 март, а ако биде потребно и на 31. март/1.април.
Полуфиналето, ќе се одвива во периодот од 7, заклучно со 21/22. април (доколку биде потребно).
Финалната рунда ќе почне на 29.април, со првиот натпревар од серијата. Вториот е предвиден за 6. мај, а третиот, ако треба, ќе се игра на 13.мај, 2026 година.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕТСТАВНИЦИ
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ
1. КОЛО
07.10: МЗТ Скопје Аеродром – Вршац
2.КОЛО
22.10: Сутјеска – МЗТ Скопје Аеродром
3. КОЛО
05.11: Студент – МЗТ Скопје Аеродром
4. КОЛО
18.11: МЗТ Скопје Аеродром – Јахорина Пале
5. КОЛО
17.12: Златибор – МЗТ Скопје Аеродром
6. КОЛО
14.01: МЗТ Скопје Аеродром – Војводина
7. КОЛО
28.01: МЗТ Скопје Аеродром – Подгорица
8. КОЛО
03.03: Широки – МЗТ Скопје Аеродром
ТФТ - СКОПЈЕ
1. КОЛО
13.10: Цибона – ТФТ
2.КОЛО
22.10: ТФТ – Војводина
3. КОЛО
04.11: ТФТ – Хелиос Домжале
4. КОЛО
19.11: Широки – ТФТ
5. КОЛО
23.12: Борац – ТФТ
6. КОЛО
21.01: ТФТ – Слобода Тузла
7. КОЛО
03.02: ТФТ – Студент
8. КОЛО
04.03: Јахорина Пале – ТФТ