25.10.2025

Екипите на Бутел и Овче поле го одиграа најинтересниот меч од второто коло од Првата македонска лига.

ПРВА МАКЕДОНСКА ЛИГА-МАЖИ: Бутел подобар од Овче поле, Струмица супериорно против Борец баскет

ФОТО: Кошаркарите на Соколи 1933 стигнаа и до втората победа во новата сезона

Откако во првото коло беа слободни, домашните кошаркари се запознаа со квалитетите на својот прв противник во сезоната, кој и на оваа гостување покажа дека ќе конкурира за највисок пласман.

БУТЕЛ – ОВЧЕ ПОЛЕ 81:78

Доста изедначен беше дуелот во скопската населба Бутел, особено во првото полувреме кое заврши со егал резултат (40:40).

Се чини дека пресудија случувањата од третата четвртина, онаа во која домашната екипа направи предност од шест поени. Имаше Бутел водство од (65:59), на влезот во последниот дел, кое знаеја да го одбранат и да стигнат до првите бодови.

Имаа четворица расположени, за поентирање, кошаркари. Ги предводеше Киров, кој уфрли 21.поен, следен од капитенот Мартиноски кој даде 17, Атанасов имаше 14, а Андоновски уште 11. поени.

Во гостинската екипа, дури петмина „двоцифрени“ кошаркари; Здравковиќ 19, Семедо 15, Блажевски 14, Пајиќ 13 и Каришик 10.поени, недоволно за триумф.

СТРУМИЦА ФМП – БОРЕЦ БАСКЕТ 88:53

Барем „на хартија“ овој меч требаше да биде означен како дерби на 2.коло. Но струмичани се погрижија да го „избришат“, односно со убедливи (88:53), да ја потврдат добрата форма на почетокот на новата сезона.

Многу работи на овој натпреваар станаа појасни уште во првиот период од играта. Оној во кој Струмица ФМП изгради двојно поголема предност (28:14). Тоа го одреди и понатамошниот тек на настаните на средбата во салата „Никола Карев“ во Струмица.

Во ниту еден момент, гостите од Велес не делуваа како да можат да направат некој резултатски и играчки исчекор.

Димитар Пандев со 25.поени, и Александровски кој даде 20, го водеа струмичкиот состав до новиот успех, во кој со 14.поени се впиша и Јовановиќ.

Во екипата на Борец баскет, Трпески постигна 18, а Сапроновски уште 12.поени.

ОХРИД – МЛАДИНЕЦ 105:77

Охриѓани дојдоа и до втората апобеда од почетокто на новата сезона во првата македонска лига, откако делуваа убедливо во дуеот против екипата на Младинец.

Пред својата публика, во салата „Билјанини извори“ извојуваа убедлив триумф од (105:77), по кој имаат максимален ефект во две одиграни кола.

Поголем дел од задачите домашните кошаркари ги реализираа уште по десет минути, оние првите, во кои се стекнаа со убедлива предност (31:14), која до полувремето ја зголемија на 20. поени (58:38).

Грбовиќ го предводеше Охрид до уште една победа, реализираше 27.поени, Стевковски имаше 16, Димитриески даде 13, а Димоски 12.реализирани поени.

Во гостинската екипа, Шуменковски беше стрелец на 24.поени, Павловски даде 16, а Ѓорѓиоски уште 10.

СОКОЛИ 1933 – СПОРТИСИМO 115:76

Штипскиот состав максимално го искористи добриот распоред на почетокот на натпреварите во оваа конкуренција. Стигна и до втор триумф, со кој потврди дека има амбиции да „оди далеку“ низ сезоната.

Новакот во ова друштво, екипата на Спортисимо, не беше сериозен и доволно квалитетен ривал, во меч во кој Соколи 1933 постепено го „кршеше отпорот“ на притвникот, и на крајот дојде до повеќе од убедлива победа од 39.поени.

Една петорка во домашниот тим заврши со десет или повеќе поени. Балабанов постигна 19, Х. Тодоровски го следеше со 16, Костадинов и Стојменов имаа по 15, а А.Тодороски даде 14.поени.

Кај Спортисимо, Митков реализираше 22.поени, Бојковски 13, а Велковиќ 10.поени.

ПРВА МАКЕДОНСКА ЛИГА-МАЖИ

ГРУПА „А“

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 2. КОЛО

Охрид – Младинец 105:77

26.ОКТОМВРИ (НЕДЕЛА)

18.00: Тетекс ТТК – Мега баскет

Сала „Економско“ – Тетово

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/2QXWo1jxSYA?si=VjGezLX7WlPQYsu8

27. ОКТОМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК)

17.00: Вардар - Водно Санс

Сала на КК „Вардар“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/_YpC2JrQwKo?si=OlsBRyBI47HbnClR

Црн дрим - слободен

ТАБЕЛА: Охрид 4, Вардар 2, Мега баскет 2, Црн Дрим 1, Водно Санс 1, Тетекс ТТК 1, Младинец 1;

ГРУПА „Б“

РЕЗУЛТАТИ 2. КОЛО

Бутел – Овче поле 81:78

Соколи 1933 – Спортисимо 115:76

Струмица ФМП – Борец баскет 88:53

Ролинг Струмица - слободен

ТАБЕЛА: Струмица ФМП 4, Соколи 1933 4 Овче поле 3, Борец баскет 2,, Спортисимо 2, Бутел 2, Ролинг 1