26.10.2025

По егалот во првите 20.минути, шампионките притиснаа многу повеќе во вторите, и дојдоа до убедлива победа (73:53)

„ШПАРКАСЕ ЛАЈФ“ ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: Со силно второ полувреме, Баскет кам ги сопре „баделки“

Кошаркарките на Баскет кам стигнаа и до втората победа во новиот шампионат, откако беа подобри од Бадел 1862. Особено тоа се однесува за второто полувреме во кое го презентираа постоечкиот квалитет и ги тргнаа сите дилеми околу конечниот победник.

БАСКЕТ КАМ – БАДЕЛ 1862 73:53

Доста изедначено прво полувреме одиграа екипите на Баскет кам и на Бадел 1862. Односно 20.минути во кои ниту една од двата ривали не направија и некоја посериозна предноост.

„Баделки“ имаа минималнпо водство (17:16), на крајот на првата, додека шампионките имаа иста таква на крајот на првото полувреме (30:29).

Но по паузата од 15.минути, една сосема поразлична на теренот во СРЦ „Кале“.

Екипата која ја брани титулата притисна многу повеќе, особено во фазата на одбраната, евидентирано со зголемување на водството. По серијата од девет поени, екипата од Македонска Каменица одново имаше двоцифрена предност (39:29). Нешто подоцна таа разлика беше и повисока. Имаше домашниот тим и плус 12, (46:34), за тој трет дел биде затворен со нешто пониски (49:40).

На почетокот на последната четвртина, Баскет кам одново се врати на двоцифрена позитива (54:44), и Тука не застанаа, затоа што уследи нова серија од (11-0), доволна за највисоките (65:44), и потврда на вториот успех во новата ссезона.

Кметовска доминираше на двете страни од теренот. На крајот застана на дабл-дабл ефект од 27.поени (12/18 во шутот за два поени) и 13.скока. Свои, стандардно добри минути, имаше и Димова, која финишираше со 20.поени (пет скока и четири асистенции), но и Максимовска, која додаде 11 поени (и седум смока).

Кај Бадел 1862, одлична партија на Николов, која на 26.поени додаде и четири додавања, Маркоска даде 10.поени, но останаа без поентерска поддршка од останатите стартери, како Петрушевска Чолакоска и Клири.

Поради обврски на екипата на Крива паланка во ВАБА 2 лигата, ова коло ќе биде затворено на 29. октомври (среда), со дуелот МЗТ Бела вода-Крива паланка.

„ШПАРКАСЕ ЛАЈФ“ ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 2. КОЛО

Баскет кам – Бадел 1862 73:53

Патриот 2016 – Вардар 66:81

Спорт тим – Пробаскет 75:78

29.ОКТОМВРИ (СРЕДА)

17.30: МЗТ бела вода – Крива паланка

СРЦ „Кале“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/NauvcS47jKA?si=8iP5beARttwsAele

ТАБЕЛА

1.Вардар 2 2 0 175:116 4

2.Баскет кам 2 2 0 142:106 4

3.Пробаскет 2 0 1 161:162 3

4.Бадел 1862 2 1 1 140:156 3

5.Крива паланка (-1) 1 1 0 103:44 2

6.Спорт тим 2 0 2 125:172 2

7. Патриот 2016 2 0 2 110:184 2

8.МЗТ Бела вода (-1) 1 0 1 53:69 1