Кошаркарките на Вардар стигнаа и до вториот триумф во новата сезона од „Шпаркасе Лајф“ Првата лига-жени, откако вечерва, како гости, во Делчево, беа подобри од Патриот 2016.
ПАТРИОТ 2016 – ВАРДАР 66:81
По изедначеното прво полувреме, во кое домашните кошаркарки, предводени од Чипова (нанижа 18.поени во тој дел од играта), беа рамноправен ривал, а во добар дел од првиот дел, имаа и предност.
На истекот на првата четвртина имаа плус 5 (25:20), но со почетокот на вториот период, „вардарки“ најавија враќање, и до крајот на 20.минута, дури преминаа во водство од (37:34).
Како клучна се покажа третата четвртина во која гостинските кошаркарки направија вишок од десет поени, дојдоа до уште повисоки (66:53), кои се покажаа како недостижни за Патриот 2016.
Екипа во која освен Чипова, која заврши со 29.поени, расположена за поентирање беше Рашова, стрелец на 14.поени.
На другиот дел од теренот, одлично поентерско издание на Митева, го заокружи со реализација на 25.поени. Капитенот Зафировска ја следеше со 13, додека Тасевска додаде уште 11.
СПОРТ ТИМ – ПРОБАСКЕТ 75:78
Во соседскиот дуел, одигран во Неготино, екипата-домаќин, Спорт тим, имаше подобар почеток. Во првиот дел од играта, неготинки се стекнааа со двојно поголеми (24:12).
Како некоја почетна одредница како понатаму ќе се одвиваат работите на теренот во салата „Младост“.
Н,о во наредната четвртина, гостинските кошаркарки потврдија дека не се подготвени на рано предавање. Напротив, анулираа добар дел од стартната негатива. На одморот, Спорт тим однесе позитива од седум поени (41:34), период кој го одбележа Динова, стрелец на 16.поени во домашната екипа.
По три и пол минути игра во третата четвртина, и серијата од (13-5), Пробаскет направи пресврт, и поведе со (47:46).
Практично од тој момент се играше „кош за кош“. И иако до крајот имаше да се игра доста време, ниту една од двете екипи не успеа да се одвои на некоја покомотна предност.
И по три одиграни четвртини, кавадарчанки имаа минимално водство (59:58).
Изедначено беше и на нешто повеќе од три минути до крајот (72:72). А тие се покажаа и како решавачки, затоа што Пробаскет со мини-серија од (6-1) успеа да се одвои на (78:73) и да победи.
Кај Пробаскет, ново одлично издание на Американката Томас, даде 29.поени, но затоа пак собра и 18.скока под двата коша. Дабл-дабл ефект оствари и Јовановиќ, која на 18.поени додаде и 10. асистенции, а имаше и 6. скока, а доста помогна и Ѓорѓиева, со десет реализации
Во домашната екипа, Динова заврши со 23.поени (и пет скока), Лукиќ додаде 17.поени, Митановска имаше 13.поени и 15.скока, додека Коцева даде уште 11.
„ШПАРКАСЕ ЛАЈФ“ ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 2. КОЛО
Патриот 2016 – Вардар 66:81
Спорт тим – Пробаскет 75:78
26.ОКТОМВРИ (НЕДЕЛА)
14.00: Баскет кам – Бадел 1862
СРЦ „Кале“ – Скопје
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/HwU6_dU8IE0?si=-OaBUVu2zhFjt3Z2
29.ОКТОМВРИ (СРЕДА)
17.30: МЗТ бела вода – Крива паланка
СРЦ „Кале“ – Скопје
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/NauvcS47jKA?si=8iP5beARttwsAele
ТАБЕЛА
1.Вардар 2 2 0 175:116 4
2.Пробаскет 2 1 1 161:162 3
3.Крива паланка 1 1 0 103:44 2
4.Баскет кам 1 1 0 69:53 2
5.Бадел 1862 1 1 0 87:83 2
6.Патриот 2016 2 0 2 110:184 2
7.Спорт тим 2 0 2 125:172 2
8.МЗТ Бела вода 1 0 1 53:69 1