29.09.2025

---

Соопштение до јавноста

Почитувани,

Во врска со настанот од 28.09.2025 година на Супер купот „Драган Василов – Цевка 2025“, кога навивачката група „Фантоми“ организирана од КК „Кожув“ (Гевгелија) беше вратена и не им беше дозволено присуство на натпреварот против КК МЗТ Скопје, Македонската кошаркарска федерација (МКФ) сака да истакне:

И покрај пропозициската обврска на гостинскиот клуб (КК „Кожув“) да ја пријави навивачката група најдоцна 72 часа пред натпреварот, пријавата беше доставена околу 30 часа пред почетокот. Федерацијата во целост ги презеде сите активности за организација, а натпреварот беше уредно пријавен.

Сепак, МКФ не носи никаква одговорност за одлуката за враќање на навивачите – конечната процена на безбедносните ризици е во исклучива надлежност на органите кои ги донесуваат тие одлуки.

Воедно, МКФ ја користи оваа прилика да ги поздрави сите љубители на кошарката и спортот воопшто, охрабрувајќи ги да продолжат да ја следат играта со фер-плеј и позитивна енергија.

Со почит,
Македонска кошаркарска федерација