28.09.2025

И да се запишат во вечната листа на победници во ова натпреварување

СУПЕР КУП „ДРАГАН ВАСИЛОВ-ЦЕВКА“ 2025: МЗТ Скопје и Баскет кам знаат како, Кожув и Вардар ќе пробааат да изненадат

Новата натпреварувачка сезона може да почне, бидејќи се е подготвено за денешниот собир на најдобрите екипи во ланската сезона, кои се дел од Супер Купот на Македонија кој го носи името „Драган Василов-Цевка“.

Кошаркарскиот хепенинг во СРЦ „Кале“ ќе стартува од 17.часот, кога на теренот ќе истрчаат актуечниот шампион во женска конкуренција, екипата на Баскет кам од Македонска каменица, и Вардар, кој пак е победник во Купот на Македонија „Благоја Георгиевски-Буштур“.

Извесно, што се вели„ на хартија“ во улога на фаворит е екипата која ја брани шампионската титула, а како наајголема причина за тоа се потенцира постојаноста, онаа константа која ја има тимот кој оваа сезона ќе го предводи Тони Симиќ, и кој „живее“ на креациите и од реализациите кои со себе ги носат играчи како Ивана Кметовска, Сања Адамоска и Цветанка Димова, секако потпомогнати од Катерина Поп-Димитровска, Сара Максимовска.

Од друга страна, и онака „младиот“ Вардар, сега е уште „помлад“ и пократок во ростерот, особено ако се земе в предвид дека во тимот кој дојде до Куп-трофејот ги нема Илина Селцова, но и Ања Начевска, што дефинитивно е доста голем хендикеп за амбициите на девојките во „црвено-црна“ комбинација, предводени од тренерот Александар Ашаданов.

Нешто подоцна, поточно од 19.30.часот, стартува оној машки сегмент, во кој силите ќе ги одмерат најдобриот македонски тим во последната деценија МЗТ Скопје Аеродром, и екипата на Кожув, која на свој терен, таму некаде во месец февруари, стигна до финалето на Купот и го предизвика неприкосновениот состав од Аеродром.

И тука е една доста слична ситуација која вели дека првакот не менувааше многу во текот на летото. Ростерот е променет само во оној „странски дел“ во кој шефот на струката Васко Атанасов има на располагање некои нови имиња. Но повторно „базата“ е онаа домашната, репрезентативната, која ќе го носи товарот и во оваа настапувачка сезона.

Менуваа доста и во Гевгеија во изминатиот период, и се чини дека овој натпревар треба да покаже со што всушност располага тренерот Апостоли Апостолов и неговите соработници во стручниот штаб.

Овие први 40.минути во сезоната се добра шанса за тоа Кожув.

Двата натпревари ќе бидат директно пренесувани на програмата на МРТ, а влезот за овој кошаркарски настан во СРЦ „Кале“ е слободен.