25.10.2025

Голема победа на Крива паланка против австрискиот претставник во регионалното женско натпреварување, (70:58)

ВАБА 2 ЛИГА: Крива паланка без грешка, подобра и од Рајфајзен Дач

Кошаркарките на Крива паланка стигнаа и до третата победа, во исто толку одиграни натпревари во женското регионално натпреварување, откако вечерва беа подобри од австрискиот Рајфајзен Дач

РАЈФАЈЗЕН ДАЧ – КРИВА ПАЛАНКА 58:70

Одличната втора четвртина, која ја одиграа скоро без грешка, и која ја добија со високи (25:10) им го донесе и третиот, по ред, триумф на кошаркарките од Крива паланка.

По егал скорот во првиот период, (18:18), девојките од Крива паланка ја одиграа веројатно и најдобрата четвртина во досегашниот дел од регионалното натпреварување.

Навистина, по одморот му дозволија на противникот да симне дел до нивната позитива, која на полувремеот изнесуваше 15.поени, (43:28).

Но не дозволија нешто повеќе од тоа избраничките на тренерот Виктор Петровски. Во последните десет минути ги одбија сите напади на противникот, и запишаа голем триумф, трет во исто толку одиграни мечеви во ВАБА 2 конкуренцијата.

Нема да имаат време за многу славење, затоа што утре попладне, повторно од 17.часот, ги чека дуелот против домаќинот наа овој турнир во Славонски брод, екипата на Брод на Сави.

На овој, четири кошаркарки на Крива паланка завршија со двоен број на поени. Алексис Пул даде 21, но имаше и големи 14.скока, Даја Грин заврши со 20.поени и 5.скока, Глорија Груевска изненади пријатно со 12.поени, додека капитенот Михаела Алексовска заврши со 10.реализирани поени, плус шест скока и три асистенции.