Кошаркарките на Крива паланка со половичен резултат, од една победа и еден пораз се враќаат од мини-гостувањето во Славонски Брод.
По победата во првиот меч на турнирот, против екипата на Рајфајзен Дач, кошаркарките од Крива паланка денеска се поразени од домаќинот на собирот во овој хрватски град од екипата на Брод на Сави
БРОД НА САВИ - КРИВА ПАЛАНКА 80:52
Извесно „брзината“ на одигрување на два натпревари во рок помал од 24 часа, влијаеше на играта на македонскиот вицешампион на овој натпревар, во кој домашната екипа брзо се стекна со солидна предност (21:12), која ја имаше по десет минути.
По нешто послабиот старт, многу поефикасно заигра нашиот претставник во втората четвртина, но не доволно за да анулира поголем дел од негативата.
На полувремето, Брод на Сави имаше солидни (40:32).
Но она што беше добар знак за тренерот Виктор Петровски, дефинитивно беа одличните минути на Груевска, која реализираше неколку точни обиди за три поени, и беше од добра помош за оние играчи од стартната петорка.
По одморот, игра налик на онаа од првата четвртина. Гостинките не успеваа да ја покачат односно да ја повторат ефикасноста која ја прикажаа во втората. Влегоа во уште поголема негатива, која по три периоди од играта, изнесуваше 14.поени (44:58).
Добро беа затворени „ударните игли“ во нападот на нашата екипа (Грин, Нехуес и Пул) и во оној последен дел, во кој домашната екипа, која има исто така, неколку квалитетни американски кошаркарки, како Џексон и Стафорд кои заедно дадоа 52 поени, ја потврди победата.

Три кошаркарки во гостинската екипа, Груевска, Грин и Нехуес дадоа по 11.поени, додека капитенот Алексовска заврши со 10.
По два одиграни турнири, овој во Славонски Брод и оној во Крива паланка, нашиот претставник има одличен скор (три победи и еден пораз).
Наредните два натпревари, кошаркарките на Крива паланка ќе ги играат на 29. и на 30. ноември, а за противници ќе имаат две словенечки екипи, Јежица и Марибор.